13.6 C
Shtip
spot_img

Адвокатите на Ратко Младиќ бараат судот во Хаг итно да го ослободи бидејќи се ближи кон крајот на животот

Одбраната на воениот командант на Војската на Република Српска, Ратко Младиќ, побара од претседателот на меѓународниот суд во Хаг веднаш да го ослободи со привремена и условна слобода од хуманитарни причини, повикувајќи се на проценките на лекарите дека наскоро ќе почине, јавуваат српски медиуми.

Адвокатот на одбраната Драган Иветиќ го темели барањето, кое судот го објави денес, на фактот дека медицинската служба во притвор на судот на ОН „им кажала на Младиќ и на неговото семејство дека не може да се излечи“ и дека „неговиот животен век сега се мери во месеци“.

Младиќ (83) беше осуден пред Хашкиот трибунал на доживотен затвор за геноцидот во Сребреница и злосторства против човештвото врз муслиманите и Хрватите во БиХ, вклучително и тероризирање на цивилите во Сараево, од 1992 до 1995 година.

Младиќ е во притвор во Хаг од крајот на мај 2011 година, кога беше уапсен во Србија и предаден на Трибуналот.

Како што наведува одбраната во барањето, лекарите се префрлиле од третман на „палијативна нега“ за Младиќ и го информирале пациентот и неговото семејство за ова.

Адвокатот на одбраната Иветиќ изјавил дека „ограничениот животен век на Младиќ е централен хуманитарен фактор на кој треба да му се даде одлучувачка тежина“ во одлуката на претседателката на судот Грациела Гати.

Поради неговата сериозна здравствена состојба, не постои ризик генералот Младиќ да избега, тврди одбраната, осврнувајќи се на случајот на поранешниот лидер на Србите во Хрватска, Горан Хаџиќ, кој беше ослободен на привремена слобода од судот во Хаг поради неизлечива болест и кој почина кратко потоа во Србија.

━ повеќе содржини

Во недела ќе се одржи традиционаланата семакедонска средба во Штип

Во недела на 9 ноември ќе се одржи традиционалната семакедонска средба во Штип. Во организација на Здружението на македонци од егејскиот дел на Македонија...

Никола Митев – штипскиот бисер роден во Италија, го носи дресот на Сасуоло, а доби повик од македонската репрезентација

Никола Митев, млад но голем фудбалски талент, роден во Италија со потекло од Штип, а веќе е на радарот на големите италијански клубови. 16-годишниот Митев...

Во пресрет на дуелот со Велс, Боби Милевски го објави списокот на повикани фудбалери

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски, го објави списокот со повикани фудбалери за контролниот натпревар против Летонија кој се игра на 13. ноември...

Поранешната Мис Југославија живее во Дубаи повеќе од 20 години: „Ги почитувам нивните правила“

Поранешната српска манекенка и Мис Југославија Јелена Бин Драи живее во Дубаи веќе 24 години, каде што изгради семејство со арапскиот претприемач Саид Бин...

Mузичката елита ќе пее во чест на маестро Кире Костов

Голем број познати имиња од забавната музика, на гала концерт, ќе му оддадат почит на човекот кој ги создаде едни од најубавите хитови и...
spot_img