10.3 C
Shtip
spot_img

Ѓоковиќ кариерата ќе ја заврши на Австралија опен

Најдобриот тенисер на денешницата, Новак Ѓоковиќ, се доближува до крајот на кариерата, но никој не знае со сигурност кога ќе се случи тоа. Сезонава, Ѓоковиќ и на 38 години успеа да дојде до полуфиналето на сите четири гренд-слем турнири. Сепак, таму не можеше против Јаник Снер и Карлос Алкараз, па прашање е дали тој би можел да ги победи на големите турнири кои следуваат.

Рене Стабс, поранешната тенисерка во двојки и тренер на Серена Вилијамс даде своја процена за крајот на кариерата на Ѓоковиќ.

„Имам чувство дека Австралија опен ќе биде неговиот последен голем турнир на кој ќе игра. Не верувам дека ќе сака да продолжи потоа и да оди на Ролан Гарос. Игра добро на секоја подлога, но не гледам дека би можел да ги добие тие момци во пет сета на земја и потоа да оди на Вимблдон.

Чувствувам дека Австралија опен е вистинското место да ја заврши кариерата. Тоа е местото каде што го освои својот прв гренд-слем турнирите, сите знаеме колку му значи тој турнир“, смета Стабс.

Ѓоковиќ во овој момент нема објавено распоред за наредниот период и прашање е дали воопшто ќе игра нешто до крајот на годината, иако се очекува да се појави во Атина на турнирот кој го пресели од Белград.

Ѓоковиќ, најверојатно, ќе го пропушти и мастерсот во Шангај. Организаторите го објавија постерот за годинашниот турнир, а на него го нема српскиот тенисер.

Турнирот во Шангај е на програмата од 1 до 12 октомври, промоцијата на турнирот веќе започна, но името на Новак Ѓоковиќ не се споменува никаде.

Ѓоковиќ веројатно ќе игра и на егзибицискиот турнир во Ријад, кој е веднаш по мастерсот во Шангај, а минатата година беше учесник во обете натпреварувања. Минатата година, Новак загуби од Јаник Синер во финалето, а со четири титули е најуспешниот учесник на ова натпреварување.

━ повеќе содржини

Ѓорѓе Давид за Цеца и ситуацијата во Велес: „Македонската јавност престрого и однапред ја осуди“

– Слушнато и видено, многу ми е жал, само ќе кажам дека Цеца, заедно со мене, ако тргнеме само од ова натпреварување во кое...

Мемфис го суспендираше Џа Морант!

Екипата на Мемфис го суспендираше својот најдобар играч, Џа Морант, на еден натпревар, поради несоодветни коментари по поразот од Лос Анџелес лејкерс со 112:117....

Поскапуваат бензините и дизелот

Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе поскапат за половина и за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги...

Ситуацијата во Србија ескалира: Уапсен поранешен кошаркарски репрезентативец

Веќе со месеци ситуацијата во Србија, каде што студентите низ целата земја одржуваат протести против актуелната Влада, не се смирува. Овој пат јавноста беше...

За еден месец 138 санкции за непрописно вградени фолии на автомобили

Во периодот од 01 до 31 октомври, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе сообраќајни контроли на територијата на Република Северна...
spot_img