10.9 C
Shtip
spot_img

Што се слави повеќе во Македонија? Свети Трифун или Свети Валентајн?

На 14-ти февруари според новиот календар (односно 1-ви февруари според стариот календар) е денот на кој се празнуваат празниците свети Трифун и свети Валентин. Свети Трифун претставува православен празник посветен на виното и лозјето, додека свети Валентин е католички празник, ден на кој се празнуваат љубовта и пријателството ширум светот.

Во голем број земји во светот на 14-ти февруари се празнува свети Трифун или свети Валентин, но во последните десетина години на овој ден најчесто се прославуваат двата празника истовремено.

Иако свети Трифун и свети Валентин се прилично познати и комерцијализирани празници ширум светот, за нивните почетоци и историја на празнување се знае многу малку.

Светиот маченик Трифун е роден околу 225 година во малоазиската област Фригија. Тој потекнува од верско семејство, каде наклонетоста кон Бога му била пренесена од неговите побожни родители. Свети Трифун бил обдарен од Бога со исцелителна моќ со која преку молитви лекувал луѓе од разни болести.

За исцелителната моќ на свети Трифун дознал тогашниот римски император Гордијан, чија ќерка боледувала од душевна болест која ниту еден од докторите не можел да ја излекува. Легендата вели дека неговата ќерка Гордијана односно нејзиниот лош дух проговорил дека само Трифун е тој што можел да ја излекува. Бидејќи не било назначено кој Трифун, сите од царството кои го носеле името Трифун биле доведени кај царот за да се обидат да ја излекуваат неговата ќерка. Момчето Трифун по самото доведување веднаш ја излекувало ќерката на царот за што бил богато награден, а даровите кој ги добил ги поделил на сиромашните.

За време на владеењето на царот Децение кој бил голем противник на христијанството, било наредено свети Трифун да биде затворен и мачен, сè со цел тој да се откаже од својата наклонетост кон Бога. По неколку дневно мачење за кое свети Трифун не се откажал од вербата во Христа, било наредено да биде погубен. 1-ви февруари односно 14-ти февруари по новиот календар,  бил денот кога тој требал да биде погубен, каде пред самиот чин од истоштеност и умор тој паднал и починал.

Православната црква го слави како исцелител и светец кој се смета за заштитник на лозјата и почвата. Лозарите го прославуваат 14-ти февруари како ден на кој се закројуваат лозјата и се залеваат со вино сè со цел возобновување на лозјето и буен напредок во пролетта. На овој ден лозарите одат прв пат во календарската година на своите лозја со надеж дека овој светец ќе им помогне грозјето да биде благо и заштитено од штетници и временски непогоди.

За време на владеењето на римскиот император Клаудиј II , на римските војници им било забрането да се женат бидејќи била потребна поголема посветеност во војничките битки. Свети Валентин се спротиставувал на забраната на римскиот император за женење, и во тоа време тој тајно склучувал бракови помеѓу младите војници и нивните избранички.

За овој чин тој бил остро осуден, затворен и потоа погубен. Легендата вели дека Валентин испратил проштално писмо на една слепа девојка која се грижела за него додека тој бил затворен и измачуван. По примањето на писмото, девојката прогледала.

Од тука започнало испраќањето на писма кон саканите, а 14-ти февруари го добил епитетот – ден на љубовта. Обичајот за прославување на овој ден во чест на свети Валентин бил воведен од ќерката на англискиот крал Хенри IV уште во 17 век, и оттаму тој се проширил во целиот свет. На овој ден се празнува љубовта, почитта и пријателството.

Во Македонија овој ден е проследен со разни обичаи во разни краеви од земјата. Во поголемиот дел од градовите во Македонија, рано изутрина се оди во црква каде по утринската молитва, попот свети вода која се раздава на верниците.

Се верува дека со попрскување на лозјата и градинарските култури со оваа света вода тие ќе бидат заштитети од штетници и временски непогоди во текот на целата година. Покрај попрскувањето со света вода, тие и се закројуваат за поголем бериќет и принос.

Од деветнаесеттиот век па се до денес во некои краишта овие обичаи за традиционално закројување на лозите останале достојни на своите корени а пак во некои тие се модифицирани или пак повеќе не се практикуваат.

Свети Валентин пак го прославуваат пред се младите. Вљубените излегуваат на вечера, си купуваат подароци и така го прославуваат овој празник познат и како Денот на вљубените.

Иако постојат многу различни ставови околу тоа кој е празникот кој треба да биде прославуван свети Трифун или свети Валентин, сепак во Македонија истовремено се празнуваат и двата празника.

━ повеќе содржини

Студент загина во трамвајска несреќа во Сараево

 Окружното обвинителство во Сараево во петокот ја продолжи истрагата за околностите под кои се случи тешката сообраќајна несреќа претходниот ден, кога трамвај излета од...

Девојките од ОК Младост УГД сериозно “гризат” кон место кое води во европските купови

На синоќешниот дуел против екипата на Пелистер Волеј, екипата на ОК Младост УГД победи со максимални 3:0 во сетови. Во едно одлично издание на...

ФК Брегалница ги претстави последните две засилувања пред почетокот на пролетниот дел

Аљбан Мемеди и Никола Талески се двајцата играчи со кои се заокружи списокот на играчи на кои ќе смета Влатко Костов, шеф на стручниот...

САД и Македонија постигнаа Договор за реципрочна, фер и избалансирана трговија

Соединетите Американски Државии Република Северна Македонија постигнаа  Рамковен договор за реципрочна, фер и балансирана трговија за зајакнување билатерални економски односи, што ќе им обезбеди...

При претрес за дрога, полицијата затекнала дел од нив како конзумираат, биле опремени и за дилање – уапсени четири лица во Штип

При петрес во Штип пронајдена дрога и лишени од слобода биле четири лица. Како што информираа од МВР, вчера (12.02.2026) во 01:00 часот во Штип, полициски...
spot_img