14 C
Shtip
spot_img

Штипјанецот Миовски носи посебно емотивна приказна за денешниот меч со Велс

Македонскиот офанзивец Бојан Миовски носи посебно емотивна приказна за вечерашниот натпревар на националниот тим против Велс кој од 20:45 часот се игра на арената „Тодор Проески“ во Скопје, во квалификациите за СП 2026.

Миовски ќе настапи во специјално дизајнирани копачки со македонското знаме, а ќе игра за сите лица кои на 16.03.2025 ги загубивме во ужасната трагедија во Кочани.

Низ емотивен спомен, Миовски вели дека во детството си ветил дека еден ден со цело срце ќе игра за Македонија, и еве го сега во дресот на својата земја…

“Секој човек има своја приказна и секој човек има свое животно патување. Навраќајќи се во моето детство додека ги држев моите први копачки, се сетив дека кажав нешто што длабоко посакував: ‘Еден ден со цело срце ќе играм за мојата земја’ и еве ме, по многу години, играм за Македонија, мојата земја, бисерот на Балканот“ – вели Бојан, и дополнува: „Овие специјализирани копачки имаат исклучително значење, со свето нешто – моето национално знаме и иницијалите на моето семејство. На денешниот натпревар за македонската репрезентација, ќе ги носам во чест и сеќавање за сите што ги загубивме на 16.03.2025 година, за сите кои се уште се борат за своите животи и за сите семејства. Нека почиваат во вечен мир упокоените души, сите мои молитви за повредените“.

━ повеќе содржини

Продаден хотелот „Гарни“ во Штип за 15,5 милиони денари

Хотелот „Гарни“, еден од симболите на централното градско подрачје во Штип, доби нов сопственик. Во вториот обид за продажба, Општина Штип успеа да обезбеди...

Почина 24-годишниот Стојанче Стефанов – дискотеката „Пулс“ ја однесе 62. жртва

Министерството за здравство денеска соопшти дека, според информациите добиени од Воено Медицинската Академија (ВМА) во Белград, претпладнево почина Стојанче Стефанов од Кочани, роден во...

Што ако се скрши првото црвено јајце?

Пред нас е Велики петок, вапсувањето на јајцата, Велика Сабота и – уште поголема недела – денот кога го славиме Христовото Воскресение. Оваа година...

„Ми иде да плачам ко дете“, навивачите во еден глас за Кочани: Потези за поздрав и солзи на мечот Вардар – Црвена Ѕвезда во...

Солзи и болка, но и полно срце заради солидарноста и хуманоста... Точно еден месец по трагичната несреќа во Кочани, Вардар и Црвена Ѕвезда одиграа...

НАСА откри планета со можни траги на живот – нов дом среде ѕвездите?

Вселенскиот телескоп „Џејмс Веб“ (JWST) детектираше хемиски соединенија во атмосферата на егзопланетата K2-18b, која се наоѓа на околу 120 светлосни години од Земјата, во...
spot_img