Утре (сабота, 20.09) во 17:00 часот, во салата Јордан Мијалков во Штип, кошаркарскиот клуб Соколи од Штип ќе одигра уште еден подготвителен меч пред почетокот на сезоната, во која ќе влезат со големи амбиции. За утрешниот натпревар, спаринг партнер ќе биде екипата на Феникс од Скопје.
Влезот на салата ќе биде бесплатен за сите љубители на кошарката.