10.1 C
Shtip
spot_img

“Убиствата во соседството” – Нова опасна секта ја демне Бугарија

Бугарските власти истражуваат серија тешки злосторства по откривањето на вкупно шест тела во рок од седум дена, во случај кој, според полицијата, може да биде поврзан со затворена заедница со елементи на култ и педофилија.

Последните три тела – двајца мажи и едно 15-годишно момче – биле пронајдени во кампер во близина на планината Околчица, на околу 80 километри од планинско засолниште каде претходно беа откриени уште три жртви. Директорот на бугарската национална полиција, Захари Васков, изјави дека сите тројца биле осомничени во претходното тројно убиство.

„Се соочуваме со злосторство без преседан, барем за Бугарија“, изјави Васков, додавајќи дека истрелите најверојатно биле испукани во самиот кампер.

Возилото во кое се пронајдени телата е регистрирано на невладина организација која организира младински кампови. Според Државната агенција за национална безбедност, против истата организација пред две години била поднесена пријава за сексуална злоупотреба на деца и постоење паравоени структури.

Софиското регионално обвинителство информираше дека планинското засолниште каде се случиле првите убиства било запалено, а жртвите имале прострелни рани. Тие биле идентификувани како членови на истата невладина организација.

Вршителот на должноста главен обвинител, Борислав Сарафов, изјави дека активностите на организацијата „не биле во интерес на општеството и на децата“.

Истрагата е во тек, а полицијата наведува дека се разгледуваат сите можни хипотези, вклучително и постоење на затворена заедница со карактеристики на култ.

━ повеќе содржини

Денес ОК Штип УГД игра ново дерби!

Денес, 09/02/2026 ОК Работнички од Скопје ќе го пречека нашиот ОК Штип УГД во спортската сала Невена Георгиева - Дуња во дербито од третото...

Лука Дончиќ го пропушта NBA All Star-от!

Лука Дончиќ се најде на листата на повредени кај Лос Анџелес лејкерс поради полесно истегнување на задната ложа, па под знак прашалник е неговиот...

SpaceX го става Марс на чекање, приоритет е самоодржлив град на Месечината

Извршниот директор на SpaceX Елон Маск предизвика големо внимание во светот на вселенските технологии откако објави дека неговата компанија веќе го префрлила приоритетот од колонизација на Марс кон...

Од Белград до Лос Анџелес: Ѕвездата на „Stranger Things“ – најпознатиот српски актер од Холивуд Никола Ѓуричко доаѓа во Македонија!

Свеченото одбележување на големиот јубилеј на МНТ започнува на 30 март со стенд-ап шоуто „Шоубиз“ (SHOWBIZ), во изведба на белградскиот и светски познатиот актер...

Се вратил дома – ПР тимот на Даниел Кајмакоски објави за киднапирањето: „Храбро се соочи со киднаперите, сега му треба мир“

Македонскиот пејач Даниел Кајмакоски беше киднапиран во петокот вечер во близина на „Бетон Хол“ во Белград, а неговиот менаџмент ја објасни неговата моментална состојба...
spot_img