8.2 C
Shtip
spot_img

ТУРИСТИТЕ ЌЕ ПЛАЌААТ 2 ЕВРА ЗА ПРИСТАП ДО ФОНТАНАТА ТРЕВИ ВО РИМ!

Туристите кои ќе сакаат да и се приближат на прочуената фонтана Треви во Рим наскоро ќе мора да платат влезница од 2 евра, соопштија градските власти на италијанската престолнина.

Новата мерка стапува на сила од 1 февруари 2026 година и предвидува поставување бариера за посетителите кои сакаат да го разгледаат барокниот споменик одблизу. Фонтаната Треви е една од најпознатите туристички атракции во Рим, со околу девет милиони посетители годишно.

Иако паричките што туристите традиционално ги фрлаат во фонтаната и понатаму ќе се донираат во хуманитарни цели, средствата од новата влезница ќе одат директно кај градските власти и ќе се користат за одржување на споменикот и за подобро управување со туристичките гужви. Се очекува од оваа мерка градот да инкасира околу 6,5 милиони евра годишно само од фонтаната Треви.

Градоначалникот на Рим, Роберто Гуалтиери, изјави дека „две евра не се голема сума“, но дека мерката ќе придонесе за помал хаос и поконтролиран проток на туристи.

Наплатата за пристап до фонтаната Треви е дел од нов тарифен систем кој ќе важи за одредени музеи и споменици во Рим. Дел од локациите кои досега наплатуваа влез ќе станат бесплатни за жителите на градот, како што е Светата област Ларго Арџентина.

Истовремено, туристите и лицата кои не се жители на Рим ќе мора да плаќаат влез за фонтаната Треви и уште пет други атракции, меѓу кои и Наполеонскиот музеј.

Од наплатата ќе бидат ослободени децата под петгодишна возраст, како и лицата со попреченост и нивните придружници.

Фонтаната Треви, изградена во 18 век од италијанскиот архитект Никола Салви, и понатаму ќе може бесплатно да се разгледува од поголема оддалеченост.

Според податоците на Градот Рим, локалитетот дневно го посетуваат во просек околу 30.000 луѓе. По реставрацијата извршена минатата година, беше воведен и систем на редици, со ограничување од максимум 400 посетители истовремено, со цел да се спречат преголеми гужви.

━ повеќе содржини

Љубљана ги забрани трубачите до крајот на декември: „Балканската музика нема врска со нас“

Градскиот совет на Љубљана изгласал забрана на спонтани улични настапи со музички инструменти, а одлуката ќе важи до крајот на декември. Предлогот дојде од самиот...

МАКЕДОНИЈА Е ТРЕТА ВО ЕВРОПА ПО БРОЈОТ НА УБИСТВА НА ЖЕНИ ОД НИВНИТЕ ПАРТНЕРИ, СЕ ВЕЛИ ВО ИЗВЕШТАЈОТ НА ЕУРОСТАТ

Македонија е на трето место во Европа по бројот на фемициди односно убиства на жени од нивните интимни партнери. Ова го покажуваат податоците за...

БЕСПЛАТЕН АВТОБУСКИ БИЛЕТ СО 20 ЧУЧНУВАЊА: НЕСЕКОЈДНЕВНА ИНИЦИЈАТИВА ВО РОМАНИЈА!

Во некои романски градови, особено во Клуж-Напока, патниците можат да добијат бесплатен автобуски билет доколку направат 20 чучнувања на специјални здравствени киосци поставени низ...

ЗЛАТОТО И СРЕБРОТО НА РЕКОРДНИ ВИСОЧИНИ: ПОРАСНА ЗА 67% И 138% ОД ПОЧЕТОКОТ НА ГОДИНАТА!

Цените на златото и среброто продолжуваат да го рушат рекорд по рекорд, при што златото првпат го надмина нивото од 4.400 долари за унца,...

РОМАНИЈА ГРАДИ „ДРАКУЛА ЛЕНД“: МЕГА ЗАБАВЕН ПАРК ВРЕДЕН 1,1 МИЛИЈАРДА ДОЛАРИ!

Романија сериозно инвестира во својот најпознат мит и најавува изградба на еден од најголемите тематски паркови во Европа. Во близина на Букурешт официјално е...
spot_img