29.4 C
Shtip
spot_img

Сериозно се ниша фотелјата на Перо Антиќ!

Поднесено е барање до Кошаркарската федерација на Северна Македонија (КФСМ) за свикување на вонредно собрание на кое ќе се гласа за смена на претседателот Перо Антиќ.

Иницијативата за смена на Антиќ во вторникот ја поднесе поранешниот репрезентативец Младен Ѓуровски, кој има поддршка од 37 членови на Собранието на КФСМ. Бројката значи апсолутно мнозинство, односно над трипати повеќе од потребниот број.

Кошаркарската федерација мора да закаже вонредно собрание во рок од две недели, а доколку тоа не се случи, иницијаторите имаат право сами да го организираат.

Претседателот на КФСМ веќе еднаш беше соочен со силен отпор кон крајот на минатата година, но тогаш успеа да ја задржи функцијата преку правни механизми. Сепак, на 29 март официјално истекоа две години од неговиот втор мандат, со што повеќе нема формални пречки за негова смена.

━ повеќе содржини

Трамп го смени рецептот на Кока Кола, компанијата се согласи

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во средата дека Кока-Кола се согласила да користи „вистински шеќер од трска“ како засладувач во своите пијалоци што се...

МЕЃУ ШТИП, РАДОВИШ И КАРБИНЦИ ПОЧНА ДА СЕ ГРАДИ НАЈГОЛЕМИОТ ВЕТЕРЕН ПАРК НА БАЛКАНОТ, ИНВЕСТИЦИЈАТА Е ВРЕДНА 500 МИЛИОНИ ДОЛАРИ

Најголемиот ветерен парк на Балканот почна да се гради меѓу општините Штип, Радовиш и Карбинци на површина од 330 хектари, претежно на територијата на...

Кои се 5-те најпознати народи без држава, знаме и националност?

Во светот постојат стотици етнички групи, но не секоја од нив има сопствена национална држава. Некои народи, иако бројни и богати со култура и...

Кој всушност е новиот дечко на Јелена Карлеуша?

Јелена Карлеуша неодамна конечно ја призна својата врска со младиот кошаркар Никола Јовановиќ. Иако со месеци се шпекулираше за нивната врска, малкумина ги знаат деталите...

Пожар предизвикан од плински уред во текот на вчерашниот ден во Штип

Во текот на вчерашниот ден, во 14:30 часот во СВР Штип било пријавено дека од плински шпорет настанал пожар во куќата сопственост на Е.Л....
spot_img