7.8 C
Shtip
spot_img

Секвоја висока 44,7 метри е највисокото живо божиќно дрво во светот

Џиновска секвоја што расте на имот на „Нешнал траст“ официјално е прогласена за највисоко живо божиќно дрво во светот. Дрвото е високо импресивни 44,7 метри. Засадено е уште во 1860-тите години. Овој уникатен потфат го забележал и тимот на Гиис, пишува „Би-би-си“.

За да биде земена во предвид за рекордот, секвојата морала да има два вида украси. Поради тоа, дрвото било украсено со повеќе од 1.300 божиќни светилки и две огромни виолетови машни, соопштија од „Нешнал траст“ . Портпаролот открил дека за украсувањето била потребна работна платформа, а на тројца луѓе им биле потребни два дена за да ги постават сите светилки.

„Секоја сијаличка внимателно се проверува, а потоа се поставува и прицврстува вертикално за да не се создава преголем притисок врз дрвото“, појаснија од „Нешнал траст“.

Судијата на Гинисовите светски рекорди, Карл Савил, изјави: „Беше привилегија на ова дрво да му се додели признанието што го заслужува.“ Имотот и минатата година го имал највисокото живо божиќно дрво во Обединетото Кралство. „Постојано се прашувавме дали можеме да направиме уште еден џиновски чекор и да обезбедиме Гинисов светски рекорд… и успеавме“, изјави Стив Хауард.

Тој додаде дека во изминатите неколку недели било тешко да се чува светскиот рекорд во тајност.

„Сакавме да ја споделиме нашата голема вест токму во периодот кога многу луѓе ги украсуваат своите божиќни дрвца“, рече тој.

Станува збор за сосема нов рекорд во категоријата највисоко живо божиќно дрво. Рекордот за највисоко некогаш поставено божиќно дрво и понатаму му припаѓа на дрвото поставено во 1950 година во трговскиот центар „Нортгејт“ во Сиетл, САД. Тоа дрво не било вкоренето во земјата и било високо 64,6 метри.

━ повеќе содржини

Во понеделник во Штип ќе се одржи манифестација „Избор на спортист на годината за 2025 година“

Во понеделник (9 февруари) со почеток од 18 часот во Големата сала на Економскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип ќе се одржи...

Петиција од родители за забрана на социјални мрежи за деца под 18 години во Македонија!

Објавена петиција за забрана на социјални мрежи за деца под 12 години во Македонија - Родители и експерти бараат построга регулација на социјалните мрежи Граѓанската...

ТЕСТАМЕНТОТ НА ЕСМА РЕЏЕПОВА БИЛ ОТВОРЕН ЕДНА ГОДИНА ПО НЕЈЗИНАТА СМРТ, НА ДЕЦАТА НЕ ОСТАВИЛА НИШТО, ДЕТАЛИТЕ ЈА ШОКИРАА ЈАВНОСТА!

Есма Реџепова, наречена за време на својот живот „кралица на ромската музика“, беше жена полна емоции и големо срце. Во текот на својот живот...

Bitcoin паѓа кога светот е во хаос: се распаѓа ли митот за „дигиталното злато“?

Bitcoin, најпознатата криптовалута во светот, во последните месеци покажува необично однесување, анализира CNN. Вредноста на Bitcoin падна под 63.000 американски долари – најниско ниво...

Измерена најдолгата змија досега забележана во дивината

Женка мрежаст питон од Индонезија влезе во Гинисовата книга на рекорди со должина од над 7,2 метри. Женка мрежаст питон (Malayopython reticulatus), пронајдена во регионот...
spot_img