9.9 C
Shtip
spot_img

Роналдињо му испрати порака на Вучиќ и ги разочара Србите

Легендарниот Бразилец Роналдињо одговори на поканата од Србија и прифати да биде еден од гостите на светската изложба „Експо 2027“ што ќе се одржи во Белград.

Српските медиуми објавија кратка видео порака која Роналдињо му ја испратил на српскиот претседател Александар Вучиќ, кој го покани во Белград.

„Поздрав, претседателе Вучиќ, многу ти благодарам за поканата за Експо 2027. Наскоро ќе бидеме заедно, ти испраќам голема прегратка“, вели бразилскиот фудбалер во видеото објавено на социјалните мрежи.

Во Србија постои мислење дека на Експо се вложуваат премногу пари, а Вучиќ решил дополнително да го промовира со поканување на познати спортски и други личности од целиот свет.

Србите револтирани на социјалните мрежи. Еден од коментарите: “Роналдињо беше врвен фудбалер, еден од најголемите досега. Но банкротираше поради коцкање, кокаин и баканалија. Сега живее од продавање на своето име. Така беше ангажиран на ЕКСПО 2027 за десет илјади евра. Така Вучиќ ги купува нашите пропаднати ѕвезди”.

━ повеќе содржини

Потврдено: Егзит фестивал следната година во Македонија!

Еден од најголемите музички фестивали на светот, новосадски Егзит, влегува во нова фаза на својата историја и се претвора во глобална турнеја, со која...

Официјално: Штип за прв пат има градоначалник со втор мандат!

Во текот на вчерашниот ден, од страна на ДИК, својот втор мандат го доби старо-новиот градоначалник на општина Шти, Иван Јорданов "Денес официјално го добив...

Ана Николиќ: „Ќе го пријавам сопругот за силување“ – Нова драма на новопечениот брачен пар неколку дена по свадбата на Малдиви

„Господинот Рале дозволи да ме исфрлат од хотел од Дубаи како да сум го*но. Сега ќе го пријавам за силување. А тогаш ќе остане...

Вчера се одржа промоција на книгата “Штипско Ново Село”

Со песна и свечен говор, вчеравечер беше промовирана книгата „Штипско Ново Село“ од авторите Трајан Јанинков, Борис Балабанов и Петар Пиков во исполнетата сала...

Instagram конечно доби „Историја на гледање“ – нова функција што ќе ви го смени користењето на апликацијата

Популарната социјална мрежа Instagram, која е во сопственост на Meta, ја воведува новата и долгоочекувана функција „Историја на гледање“ (Watch History). Овој потег е...
spot_img