7.4 C
Shtip
spot_img

Пукање во близина на домот на Мирослав Илиќ, пејачот итно се огласи во српските медиуми

Во попладневните часови вчера, 30 септември, во еден угостителски објект во населбата Вишничка бања во Белград избувна жестока тепачка која прерасна во вооружен инцидент. При престрелката беа повредени шест лица – тројца мажи и две жени, кои со прострелни рани беа итно пренесени во Ургентниот центар.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, непознато лице употребило огнено оружје околу 14.23 часот, при што со прострелни рани беа погодени В. Д. (51), М. Љ. (42) и А. О. (59). Останатите двајца повредени, Н. Н. (33) и Л. Д. (29), исто така добиле повреди во пределот на нозете.

Инцидентот се случил на нешто повеќе од 300 метри од домот на познатиот пејач на народна музика, Мирослав Илиќ. Тој за медиумите изјави дека не чул ништо и дека неговата улица е мирна.

„Сочувај Боже што се случува. Живеам во мирен крај и не сакам ниту да гледам вести ниту да знам повеќе за тоа“, изјави Илиќ за „Телеграф“.

Форензичарите сè уште собираат докази на местото на настанот, а полицијата спроведува интензивна истрага. На сила е и акцијата „Вихор 3“, во рамките на која се работи на расветлување на сите околности од случајот.

━ повеќе содржини

Брегалничка Епархија: Објавен е распоредот на свештеници за Задушница

Дводневен распоред на гробиштата во Штип, воведува повторно брегалничката епархија за празникот на упокоените Задушница. В петок попладне помените и молитвите, свештениците ќе ги...

ЏЕНИФЕР АНИСТОН ДЕНЕС ПОЛНИ 57 ГОДИНИ, А ОВА СЕ ПЕТ РАБОТИ ШТО СИГУРНО НЕ СТЕ ГИ ЗНАЕЛЕ ЗА НЕА

Џенифер Анистон денес, на 11 февруари, го слави својот 57. роденден. По тој повод, ви претставуваме пет интересни факти за неа кои веројатно досега...

Смртта на Курт Кобејн била убиство: Нова шокантна форензичка истрага ја доведува во прашање официјалната пресуда за самоубиство

Најново форензичко истражување тврди дека смртта на Курт Кобејн можеби не била самоубиство, туку убиство, откако приватен тим форензичари повторно ги анализирал обдукцијата и...

Денес ОК Штип УГД игра ново дерби!

Денес, 09/02/2026 ОК Работнички од Скопје ќе го пречека нашиот ОК Штип УГД во спортската сала Невена Георгиева - Дуња во дербито од третото...

Лука Дончиќ го пропушта NBA All Star-от!

Лука Дончиќ се најде на листата на повредени кај Лос Анџелес лејкерс поради полесно истегнување на задната ложа, па под знак прашалник е неговиот...
spot_img