6.5 C
Shtip
spot_img

Пролетна акција „Еко пролет во Штип“, се чистеше реонот кај Мирјанина црква

Голема пролетна еколошка акција во Штип. Сите вработени во Општина Штип, ЈП „Исар“ и „Стипион“ и извидници од Извидничкиот одред „Еквинокс“ чистеа шут и смет и ја расчистија локацијата кај Мирјанина црква. Мотив – почетокот на пролетта, цел – да се живее во почист град, но иницијатива има и за почесто спроведување на ваквите активности.

„Праќаме една симболична порака – дека традицијата којашто граѓаните на општина Штип ја негуваат и ја празнуваат треба да ја продолжиме, не само на таков начин, туку и со чистење, одржување на животната средина. Тоа е наша обврска, тоа е обврска на сите коишто живеат во овој град“, истакна градоначалникот, Иван Јорданов.

„Дојдовме тука за да собереме повеќе ѓубре, се приклучивме на оваа акција за да се расчисти отпадот овде и да живееме во почиста средина“, додаде Давид Ѓошев од Извидничкиот одред „Еквинокс“.

Со цел почиста животна средина и задоволство кај граѓаните, директорот Трајче Здравков истакна дека јавното претпријатие ќе ги интензивира ваквите активности и ќе се чисти секоја недела во секоја населба.

„Денес вработените од ЈП „Исар“ во координација со Општина Штип, административни работници, сме на еколошка акција на потегот од Мирјанина Црква до Света Недела. Вршиме чистење на целиот предел овде со механизација и со човечки ресурси, околу 200 луѓе“, истакна Здравков.

Продолжување на акцијата „Еко пролет“ најави и комуналниот инспектор Борче Везенков. Освен еколошки акции, ќе се одржуваат и едукативни работилници, а за чист град под Исарот ќе се иницира и преку Урбаните заедници.

„Планираме и едукативни настани. Со почетокот на новата учебна година ќе имаме проекти за едукативни настани и други еколошки акции. Сето тоа е во насока градот да биде почист и тоа не само на вакви локации, туку и во централното градско подрачје, а да се заживеат и Урбаните заедници“, потенцираше Везенков.

Освен Локалната самоуправа, денеска активности за чистење и засадување садници реализираа и учениците и наставниците во училиштата. Сите денешни активности се за да се пренесе пораката дека сите живееме во овој град и треба да се потрудиме да го одржиме чист.

━ повеќе содржини

Денес ОК Штип УГД игра ново дерби!

Денес, 09/02/2026 ОК Работнички од Скопје ќе го пречека нашиот ОК Штип УГД во спортската сала Невена Георгиева - Дуња во дербито од третото...

Лука Дончиќ го пропушта NBA All Star-от!

Лука Дончиќ се најде на листата на повредени кај Лос Анџелес лејкерс поради полесно истегнување на задната ложа, па под знак прашалник е неговиот...

SpaceX го става Марс на чекање, приоритет е самоодржлив град на Месечината

Извршниот директор на SpaceX Елон Маск предизвика големо внимание во светот на вселенските технологии откако објави дека неговата компанија веќе го префрлила приоритетот од колонизација на Марс кон...

Од Белград до Лос Анџелес: Ѕвездата на „Stranger Things“ – најпознатиот српски актер од Холивуд Никола Ѓуричко доаѓа во Македонија!

Свеченото одбележување на големиот јубилеј на МНТ започнува на 30 март со стенд-ап шоуто „Шоубиз“ (SHOWBIZ), во изведба на белградскиот и светски познатиот актер...

“Убиствата во соседството” – Нова опасна секта ја демне Бугарија

Бугарските власти истражуваат серија тешки злосторства по откривањето на вкупно шест тела во рок од седум дена, во случај кој, според полицијата, може да...
spot_img