При петрес во Штип пронајдена дрога и лишени од слобода биле четири лица.
Како што информираа од МВР, вчера (12.02.2026) во 01:00 часот во Штип, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип ги лишиле од слобода Т.И.(56), С.И.(32), И.В.(38) и С.К.(37), сите од Штип.
При претрес во домот на Т.И., извршен со судска наредба, биле затекнати и лицата С.И., И.В. и С.К. додека користеле марихуана. Притоа, извршен е преглед на лицата и кај Т.И. биле пронајдени и одземени неколку пакувања марихуана, семки од растението канабис, дигитална вага и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.
Кај С.К. беа пронајдени едно поголемо и едно помало пакување со марихуана, додека кај С.И., исто така, беше пронајдено и одземено едно пакување со марихуана.
При претресот, во друга просторија, бил затекната и А.М.(28) од Штип, но кај неа не беа пронајдени предмети кои потекнуваат од кривично дело.
„Лицата се задржани во полициска станица, запознаен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави по член 215 и член 216 од Кривичниот законик“, посочуваат од МВР.







