8 C
Shtip
spot_img

Привремено е затворена сендвичарата од која потенцијално се затруени учениците во Штип!

По добиена пријава од Центарот за јавно здравје Штип, за можно труење со храна во сендвичарница – киоск, инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), вчера спровеле вонреден инспекциски надзор кај операторот со храна. Според првичните информации, како што информираат од АХВ, пет лица појавиле симптоми на труење со храна откако јаделе сендвичи со пилешки стек.

Земени се примероци за лабораториско тестирање од инкриминираната храна и брисеви од работните површини, а сендвичарницата по наредба на инспекциските служби на АХВ е времено затворена се до добивање на резулатти од лабораториските испитувања, со кои ќе се потврди нејзината безбедност.

━ повеќе содржини

Која е прекрасната Викторија Бонја, руската контроверзна инфлуенсерка, која му сврте грб на Путин?

Руската инфлуенсерка, ријалити-ѕвезда, манекенка и активистка Викторија Бонја (46) веќе со години го привлекува вниманието на јавноста, вешто балансирајќи меѓу луксузниот живот во Монако...

Потресна исповед на штипјанката Марија Данева за пожарот во Кочани

Позната штипска пејачка Марија Данева е жив сведок од трагедијата во кочанската дискотека "Пулс" која се случи лани на 16.03.2025 година. Таа низ солзи...

ФК Брегалница на “Градски” под рефлектори со супер значајна победа против Охрид

Во една прекрасна атмосфера пред повеќе од 3000 гледачи, ФК Брегалница во борбата за прва лига го совлада директниот конкурент Охрид со 1:0. Стрелец...

Царината во Штип со рекорден приход во 2025: Наплатени 7,8 милијарди денари

Царинарница Штип во текот на 2025 година остварила значителен раст на приходите, наплатувајќи вкупно 7,8 милијарди денари, што претставува зголемување од 267,8 милиони денари...

На експресниот пат Штип-Радовиш фатен возач со 178км/ч

Во текот на вчерашниот ден (29.03.2026) во 18:55 часот на експресен пат Штип – Радовиш, од страна на полициски службеници од Мобилната единица за...
spot_img