34.4 C
Shtip
spot_img

Пет пациенти во критична состојба, останатите стабилни – една недела од трагедијата во Кочани

Пет критични и 110 стабилни е состојбата на пациентите од пожарот во Кочани кои се лекуваат во странство. Враќањето на првите пет лица се очекува во земјава во среда или четврток, за што е изготвен и Протокол за нивно прифаќање. Според последните информации од министерството за здравство, сите 55 лица, пак, кои се третираат во македонските болници се, исто така, во добра состојба. Девет од нив се планирани за испис оваа недела, откако ќе бидат направени сите токсиколошки и психолошки испитувања.

Од 17-те пациенти кои се лекуваат во Универзитетскиот клинички центар на Србија (УКЦС) во Белград, двајца се на механичка вентилација, а двајца се оперирани. Како што соопшти доктор Милан Стојичиќ, директор на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија при УКЦС, тие се во добра состојба и постоперативно се без проблеми.

На шест од вкупно 10 пациенти кои се  лекуваат на Универзитетската клиника за хируршки болести во Скопје им е направена трансплантација на кожа поради степенот на изгореници. Директорот на Клиниката, Небојша Настов информираше дека шесте пациенти на кои им е направена трансплантацијата се со трет степен на изгореници, додека кај другите пациенти продолжуваат редовните преврски и веќе во текот на наредната недела се очекува да бидат пуштени на домашно лекување. Но, како што рече, ситуацијата е флуидна и може да се смени од час во час.

━ повеќе содржини

„ОЕЈЗИС“ СЕ ВРАТИЈА НА СЦЕНА ПО 16 ГОДИНИ И ИМ СЕ ИЗВИНИЈА НА ФАНОВИТЕ ШТО ЧЕКАА ТОЛКУ ДОЛГО

Тоа беше моментот што фановите го чекаа 16 години, поточно 5.795 дена. Најголемите ѕвезди од ерата на бритпопот „Оејзис“ синоќа ја почнаа својата повратничка турнеја...

Погребан Диого Жота, соиграчите од Ливерпул дојдоа со венци во форма на дресови

Погребот на португалскиот фудбалер Диого Жота и неговиот брат Андре Силва се одржа во Гондомар. Членови на семејството, пријатели и колеги фудбалери присуствуваа на погребната...

Поскапува нутелата! Причина: мраз го измрзна родот на лешници

Скапа Нутела? Причината е најсилниот пролетен мраз во последната деценија. Љубителите на Нутела можеби наскоро ќе треба да платат повисока цена за својот омилен производ,...

Љутков на филмскиот сет од Штип: Зад камерите на ‘Човек против јато’ во село Три Чешми

Денес во село Три Чешми, Општина Штип заедно со градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов и директорот на Агенција за филм, Сашко Мицевски го...

Универзитет “Гоце Делчев” во Штип денес ги промовираше новите декани по факултети

Ова се сите ново избрани декани на сите факултети и академии во склоп на штипскиот универзитет: 🌾Земјоделски факултет – проф. д-р Емилија Арсов⚡Електротехнички факултет –...
spot_img