12.7 C
Shtip
spot_img

Нови летови со „Виз ер“: Бари, Стокхолм, Мадрид и Ларнака од аеродромот во Скопје, Базел од Охрид

Новите пет авионски линии на „Виз ер“ – Бари, Стокхолм, Мадрид, Ларнака и Базел почнуваат од Меѓународниот Аеродром Скопје и од Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, денеска, 27 октомври и утре, 28 октомври, соопштуваат од ТАВ Македонија.

„Многу сум среќен што денеска, на почетокот на зимската сезона, пет нови авиолинии почнуваат од двата аеродроми, во Скопје и Охрид. Секако со поддршка на Владата и благодарение на посветеноста на ‘Виз ер’. Сигурен сум дека овие 5 дестинации дефинитивно ќе бидат посетени и сакам да додадам уште нешто, многу важно, дека овие нови дестинации кои ги најавувам, се избор на патниците, избор на оние патувачи кои што со нетрпение очекуваат да бидат повзрзани со овие градови од двата аеродроми, од овде во Македонија“, изјави Неџат Курт, Генерален директор на ТАВ Македонија.

Новата линија Скопје – Стокхолм започна утрово со првиот лет во 6:05 часот. Овој пат „Виз ер“ лета до главниот аеродром во Стокхолм – Арланда. Првиот лет на линијата Скопјe – Бари ќе започне со полетување на „Виз“ ер до овој град на италијанскиот брег денеска во 14:40 часот. Oд аеродромот во Охрид, првиот лет за Базел полетува денеска во 12 часот.

Утре, на 28 октомври, ќе започне и новата линија Скопје – Мадрид, со првиот лет во 16:05 часот. Враќањето на линијата Скопјe – Ларнака ќе започне со лет што пристигнува од Ларнака до Скопјe утре во 7:15 часот.

Летовите кои што започнуваат денеска, 27 октомври, од Скопје до Стокхолм и Бари, како и од Охрид до Базел, ќе се одвиваат два пати неделно – секој понеделник и петок.

Летовите кои што започнуваат утре, 28 октомври, од Скопје до Мадрид, ќе се реализираат секој вторник, петок и сабота, а од Скопје до Ларнака – вторник и сабота.

Како што соопштуваат од TАВ Македонија, тие очекуваат голем обем на патнички сообраќај на сите пет нови линии на „Виз ер“, имајќи го предвид фактот дека сите овие градови се атрактивни туристички дестинации, кои беа барани од патниците.

Од петте нови линии што започнуваат денескa и утре, Мадрид и Бари се целосно нови дестинации за македонскиот пазар, односно главниот град на Македонија за првпат ќе биде поврзан со шпанската престолнина и со италијанскиот крајбрежен град.

Ларнака и Базел се повторно воспоставени линии, додека Скопје – Стокхолм е нова авионска линија, бидејќи „Виз ер“ отсега ќе лета кон главниот аеродром во шведската метропола – Арланда.

━ повеќе содржини

ФК Брегалница перфектна – сеуште без пораз!

Членот на втората македонска фудбалска лига, штипска Брегалница игра одлично оваа сезона под водство на Влатко Костов, омилениот фудбалски стратег на штипјани. После 9...

Кој датум е идеален за киселење зелка и трикчиња што ќе ја сочуваат свежа до пролет – а расолницата ќе биде бистра како солза!

Додека есента полека го подготвува теренот за зимата, низ македонските дворови и подруми повторно замирисува на кисела зелка, неизоставен дел од традиционалната зимска трпеза....

Дожд и грмежи на почетокот, сонце и топло на крајот од неделава

Влажен почеток на неделата со повремени поројни врнежи и локални грмежи – но кон викендот времето ќе се стабилизира, со повеќе сончеви периоди. Денешниот ден...

Саша Ковачевиќ “рипна во тавче”

Тој ја сподели среќната вест на Инстаграм, каде што објави видео на кое се прикажани нивните заеднички моменти, вклучувајќи фотографии од двојката, а потоа...

Заврши јубилејниот „Макфест“ – една сцена, илјада спомени – големите имиња се вратија во Штип

Со свечената „Вечер посветена на јубилејните 40 години Макфест“, заврши овогодинешното фестивалско издание кое траеше три дена, а го одбележа емоција каква што само Штип...
spot_img