29.4 C
Shtip
spot_img

Неделен хороскоп 07.04.2025 до 14.04.2025

Овен (21.03 – 20.04)

РАБОТА: Се грижите поради своите финансии. Имате чувство дека не можете да составите крај со крај и не сте далеку од вистината.

ЉУБОВ: Сакате да го пронајдете своето мирно пристаниште и скривалиште. Мали се шансите дека тоа ќе се случи оваа недела.

ЗДРАВЈЕ: Зголемен стрес на крајот од неделата.

Бик (21.04 – 21.05)

РАБОТА: Морате да работите со Овен иако тој за вас е тешок соработник. Проектот ќе мора да биде финиширан без оглед дали тоа ви се допаѓа.

ЉУБОВ: Весели сте и секогаш сте подготвени за добар помин. Поради својата позитивна енергија сите пријатели и саканото лице ќе бидат покрај вас.

ЗДРАВЈЕ: Зголемен крвен притисок.

Близнаци (22.05 – 22.06)

РАБОТА: Одлична енергија оваа недела. Поради тоа можете да очекувате значителен напредок на деловен план.

ЉУБОВ: Незадоволство во врската, можна е и разделба.

ЗДРАВЈЕ: Можни проблеми со зглобовите.

Рак (22.06 – 22.07)

РАБОТА: Не се надевајте дека ќе можете да се извлечете од нередот за кој самите сте виновни. Колегите ќе ве забележат дека камуфлирате нешто.

ЉУБОВ: Доколку сте во врска со Вага, Бик или Шкорпија можете да очекувате некој важен чекор или случување.

ЗДРАВЈЕ: Одлично.

Лав (23.07 – 22.08)

РАБОТА: Ова е многу важна недела за сите Лавови. Ќе доживеете големи деловни промени.

ЉУБОВ: Можно е дека ќе морате да се изборите за љубовта на една личност. Бидете трпеливи, не се откажувајте.

ЗДРАВЈЕ: Нервоза, напнатост и стрес.

Девица (23.08 – 22.09)

РАБОТА: Ќе имате одлични идеи и предлози. Другите ќе ве сметаат за иноватор и ќе ви бараат совет за речиси се.

ЉУБОВ: Одлично се чувствувате во друштво на пријателите. Ќе сакате слободното време да го поминете со семејството, но сепак ви недостасува и љубов.

ЗДРАВЈЕ: Направете комплетен систематски преглед.

Вага (23.09 – 22.10)

РАБОТА: Можно е дека оваа недела ќе имате чувство дека ништо не ви оди од рака. Посоветувајте се со личност родена во знакот на Девица.

ЉУБОВ: Не сте сигурни во љубовта на партнерот, а ќе ја проверувате постојано, но внимавајте тоа може да му здосади на партнерот.

ЗДРАВЈЕ: Можни се проблеми со очите.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

РАБОТА: Доколку барете работа, можете да очекувате конкретна понуда околу средината на неделата.

ЉУБОВ: Сите Шкорпии кои барале промена на љубовното поле ќе ја доживеат таа промена оваа недела.

ЗДРАВЈЕ: Чувствителна глава и врат.

Стрелец (22.11 – 21.12)

РАБОТА: Доколку имате проблем на работа, послушајте го советот на некоја Девица или Бик. Тој совет многу ќе ви помогне.

ЉУБОВ: Иако би сакале малку повеќе возбуда во врската, оваа недела ќе пројдете без големи проблеми.

ЗДРАВЈЕ: Можни се повреди, бидете внимателни.

Јарец (22.12 – 20.01)

РАБОТА: Деловната промена ќе се случи кај лицата со униформи. Останатите ќе имаат вообичаена работна недела.

ЉУБОВ: Ќе ви недостасува возбуда во врската. Посмелите ќе стапат во тајна врска.

ЗДРАВЈЕ: Можни се проблеми со респираторните органи.

Водолија (21.01 – 19.02)

РАБОТА: Можете да очекувате значителна помош од соработниците со кои некогаш сте соработувале.

ЉУБОВ: Одлична недела за врска со лицата од воздушните знакови, Вагата има најголема предност.

ЗДРАВЈЕ: Внимавајте на крвниот притисок.

Риби (20.02 – 20.03)

РАБОТА: Доколку сакате некоја промена на деловен план, ве советуваме да го послушате советот на еден Близнак.

ЉУБОВ: Одлично се согласувате со партнерот доколку тој е роден во знакот на Бик, останатите ќе имаат мали и слатки караници.

ЗДРАВЈЕ: Премногу се грижите за неважни работи.

━ повеќе содржини

Трамп го смени рецептот на Кока Кола, компанијата се согласи

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во средата дека Кока-Кола се согласила да користи „вистински шеќер од трска“ како засладувач во своите пијалоци што се...

МЕЃУ ШТИП, РАДОВИШ И КАРБИНЦИ ПОЧНА ДА СЕ ГРАДИ НАЈГОЛЕМИОТ ВЕТЕРЕН ПАРК НА БАЛКАНОТ, ИНВЕСТИЦИЈАТА Е ВРЕДНА 500 МИЛИОНИ ДОЛАРИ

Најголемиот ветерен парк на Балканот почна да се гради меѓу општините Штип, Радовиш и Карбинци на површина од 330 хектари, претежно на територијата на...

Кои се 5-те најпознати народи без држава, знаме и националност?

Во светот постојат стотици етнички групи, но не секоја од нив има сопствена национална држава. Некои народи, иако бројни и богати со култура и...

Кој всушност е новиот дечко на Јелена Карлеуша?

Јелена Карлеуша неодамна конечно ја призна својата врска со младиот кошаркар Никола Јовановиќ. Иако со месеци се шпекулираше за нивната врска, малкумина ги знаат деталите...

Пожар предизвикан од плински уред во текот на вчерашниот ден во Штип

Во текот на вчерашниот ден, во 14:30 часот во СВР Штип било пријавено дека од плински шпорет настанал пожар во куќата сопственост на Е.Л....
spot_img