13.1 C
Shtip
spot_img

Најдобриот дефанзивец на шпанската лига го засили Охрид

Најдобриот дефанзивец на лигата Асобал, Ориол Реј Моралес, пристигнува на бреговите на Охридското Езеро по одличните сезони во дресот на Гранољерс, со кој ја освои вицешампионската титула оваа сезона зад клубот чии бои веќе ги носеше – големата Барселона од чија школа потекнува. Шпанецот, кој ќе ја комплетира дефанзивната формација на новиот тренер Борис Ројевиќ, ги помина последните пет сезони во Гранољерс, откако пристигна од Франција каде што го носеше дресот на Екс и Ница.

31-годишниот дефанзивец играше во Барселона до 2017 година.

„Возбуден сум што сум дел од еден нов неверојатен проект. Се надевам дека ќе ги постигнеме сите цели што ќе бидат поставени“, рече Реј во пораката до навивачите на Охрид.

Пред неколку дена, од страна на Охрид беше објавен трансферот на српскиот интернационалец, левиот бек Стефан Петриќ, кој пристигнува од скопски Вардар.

Пред него, договор со новиот член на „големата четворка“ на македонскиот ракомет потпишаа Тилен Стрмљан, Анте Иванковиќ, Предраг Вејин, Николас Лиапис…

Охрид на два натпревара до крајот на македонската Суперлига се бори да го задржи четвртото место, а има големо заостанување зад првите три.

━ повеќе содржини

Доделени 8-мо номеврските награди!

На свечена седница денеска беа доделени 18 осмоноемвриски признанија во Штип по повод ослободувањето на градот 8 Ноември. Заслужни граѓани, институции, здруженија, граѓански организации...

ОК Штип УГД почна да одбројува до историското деби на европска сцена

Уште само пет денови до првиот меч од европскиот Челинџ купот во одбојка, каде нашиот клуб Штип УГД ќе настапува за прв пат. Во...

НОВА УСЛУГА НА „ВИЗ ЕР“! – ПРАЗНО СЕДИШТЕ ДО ВАС, ПОВЕЌЕ КОМФОР И ПРИОРИТЕТНО КАЧУВАЊЕ: ЕВЕ ШТО ЌЕ НУДИ „ВИЗ КЛАС“!

Нискобуџетната авиокомпанија „Виз Ер“ наскоро ќе понуди сосема ново искуство за патниците што сакаат повеќе удобност на летот. Од декември 2025 година, компанијата стартува...

ДАЛИ СЕ ПОСТИ ЗА МИТРОВДЕН?

Македонската православна црква и нејзините верници в сабота, на 8 ноември, го празнуваат Митровден, односно Свети Димитриј, кој се смета за еден од најголемите...

МАЛТА ГИ НАПРАВИ ТЕРЕТАНИТЕ БЕСПЛАТНИ ЗА СИТЕ НА ВОЗРАСТ ОД 16 ДО 21 ГОДИНА!

Од 2026 година, сите жители на Малта на возраст од 16 до 21 година ќе добијат можност за шест месеци бесплатна членарина во теретана. Оваа...
spot_img