13.8 C
Shtip
spot_img

“Монографија на еден живот исполнет со звук, љубов и уметност” – во чест на Филип Стевановски

Маријан Стевановски (татко на Филип) се огласи на социјалните мрежи, дека е готова монографијата напишана за својот прерано починат син Филип Стевановски. Наскоро и нејзина промоција во Куманово, неговиот роден град.

“Вчера излезе од печат МОНОГРАФИЈАТА што ја напишав за мојот прерано починат син ФИЛИП СТЕВАНОВСКИ. Истата ќе биде промовирана на JAZZ FESTIVAL KUMANOVO 2025 година, кој ќе се оддржи во ЗАНАЕТЧИСКИ ДОМ КУМАНОВО на 14 и 15.10.2025 година.” – напиша Маријан.

Првата вечер на 14.10.2025 година ќе биде посветена на ФИЛИП СТЕВАНОВСКИ, презентација на монографијата, документарен филм и изведување на авторски композиции од голем број изведувачи со кои ФИЛИП има соработувано во својата кариера.

Втората вечер на 15.10.2025 година е интернационална џез вечер на која ќе земат учество три џез музички состави и тоа: FISH IN OIL (Република Србија), 3D PROJECT (Република Македонија), OLIVER DUEV TRIO (Република Македонија).

ВЛЕЗОТ Е СЛОБОДЕН А ФЕСТИВАЛОТ ИМА ХУМАНИТАРЕН КАРАКТЕР ПОСВЕТЕН НА ЗАГИНАТИТЕ ВО ДИСКОТЕКАТА „ПУЛС“ ВО КОЧАНИ.

━ повеќе содржини

ОК Штип УГД во среда го игра реваншот во Challenge Cup против норвешки Кол Ил

Одбојкарскиот клуб Штип УГД во среда (19/11) на домашен терен ќе го одигра возвратниот меч од Челинџ Купот против претставникот од Осло - Кол...

Кина ја отвори првата фабрика за возила што летаат!

Кинеската компанија XPENG Aridge започна пробно производство во својата фабрика во Гуангжу, отворајќи ја првата линија за масовно производство на летачки автомобили во светот....

Објаснето од експерт – Зошто многу луѓе се будат околу три часот наутро

Многу луѓе се будат околу три часот во текот на ноќта. Неврологот ги навел можните причини зошто се случува ова и открил како да...

Диета со грозје е најдобриот метод за вишок килограми во есен

Точно е дека многу професионалци велат да внимаваме со овој плод, бидејќи содржи многу шеќер, но тоа е диетално во одредена количина и во...

На денешен ден е роден Зоран Шоров, еден од најуспешните македонски борачи на сите времиња

Зоран Шоров е роден во Штип на 17 ноември 1961 година. Тој е македонски борач, член на БК Балканец од Штип и државен репрезентативец....
spot_img