Шпанскиот амбасадор во Македонија, Рафаел Сориано Ортиз, изрази големо воодушевување на социјалните мрежи по тоа што го забележал утрово на скопскиот аеродром. За време на неговото патување кон Истанбул, амбасадорот сведочел како премиерот Христијан Мицкоски ги извршувал сите аеродромски формалности без никакви привилегии.
Ортиз, кој исто така чекал во редот за туристичко пријавување, забележал дека премиерот, без да бара некои повластени услови, преминал низ сите контроли и чекал во ред за чекирање, постапувајќи како обичен патник.
Во својата објава на социјалната мрежа Х, шпанскиот амбасадор го истакна овој момент како пример на едноставност и нормалност, на што поголемиот дел од високиот политички естрад не се навикнати.
„Утрово летав за Истанбул и во редот за туристичко пријавување го сретнав премиерот Христијан Мицкоски. Го видов како ги поминува сите формалности, вклучително и контролите, без никакви привилегии, како секој друг патник. Ова е пример за едноставност и нормалност во однесувањето на политичките лидери. Браво!“, напиша амбасадорот.
