5.3 C
Shtip
spot_img

Министерство за спорт започнува нов проект: Потпишани договори со МРТ, РФМ, КФМ и ОФМ

Во просториите за министерството за спорт денес беше претставен новиот план за промоција и популаризација на македонскиот спорт. Три национални спортски федерации – ракометна, кошаркарска и одбојкарска федерација на Македонија потпишаа договори за соработка со Македонската радио телевизија (МРТ) за да има околу 50 преноси од македонските првенства во одбојка, кошарка, ракомет.

По тој повод се обрати и министерот за спорт Борко Ристовски:

„Се работи за еден голем проект кој, народски кажано, чини многу пари, но ние како министерство и како држава сме подготвени да го поддржиме и во соработка со МРТ и националните федерации а во интерес на промоција на македонскиот спорт.

Нашиот интерес како Министерство за спорт е да има што повеќе спорт на телевизиските програми, да го промовираме македонскиот спорт и да привлечеме што е можно повеќе деца да се бават со спорт и на крај од денот од сето ова да имаме не само спортски, туку и општествен бенефит“, рече министерот Ристовски.

Главниот и одговорен уредник на спортската редакција на МРТ, Драган Николовски соопшти дека договорите на јавниот сервис со трите национални спортски федерации се однесува на проект кој започнува од септември и ќе трае четири сезони.

„Министерството за спорт на чело со министерот Борко Ристовски го препознаа моментот и изразија полна поддршка на идејата трите федерации – ракометната, кошаркарската и одбојкарската федерација на Македонија да влезат во едно партнерство на повисоко ниво со МРТ кадешто заеднички интерес на сите би била уште поголема афирмација и промоција на македонскиот спорт.

Станува збор за еден проект кој што би траел четири сезони, до летото 2029 или во цел еден олимписки циклус во кој се надеваме дека како јавен сервис ќе помогнеме повеќе да се исопромовираат нови спортисти, нови имиња и  најдоброто и најквалитетното од македонскиот спорт да стигне до што поголем дел од публиката.

Во принцип, идејата е во секоја натпреварувачка сезона во наредните четири години на јавниот сервис, односно на спортско-забавниот канал МТВ3 да бидат емитувани најмалку 50 директни преноси од ракометното, од кошаркарското и од одбојкарското првенство. Ова би било на некој начин прво полувреме, на ист начин, иста или слична поддршка, во вториот дел на проектот ќе има за младинскиот спорт“,  рече Драган Николовски.

Целиот проект позитивно го оценија и од КФМ со нивниот претставник, потпретседателот Младен Ѓуроски. 

Тој во проектот гледа шанса за враќање на младите на кошаркарските терени.

Како кошаркарска федерација, ние овој договор го гледаме како можност за да инволвираме во кошарката што повеќе млади. Знаеме дека кошарката во последните години ни е во опаѓање и ова ќе го искористиме да ги вратиме младите на кошаркарските терени. Пред сѐ би сакал Првата кошаркарска лига да делува европски и светски, го пренесе својот став Младен Ѓуроски.

━ повеќе содржини

БОЖИЌНА БАЈКА ВО ЊУЈОРК: Зимско село, празничен шопинг, деликатеси, уникатна мода и панаѓури за богаташи

Ако го сакате Божиќ, Њујорк пред празникот е незаборавен – мешавина од блескави светла, празнично расположение и културни искуства. Само бидете подготвени за студ, гужви и повисоки цени, и ќе имате магично...

Паника во Денвер, сериозна повреда на Никола Јокиќ

https://www.youtube.com/watch?v=vfViuDuT62E Убедливиот пораз на Денвер против Мајами, 147:123, мина во сенка на повредата, на најдобриот играч во лигата, Никола Јокиќ. . Србинот го напушти натпреварот поради...

Ветровито и студено за време на новогодишните празници

Времето денеска во земјава претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне и кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми и...

Од месец март блокаторите за паркинг веќе нема да се користат, стартува Smart City платформата

Блокаторите ќе исчезнат. Од март Штип ќе применува Смарт сити модел за наплата на паркинзи. Од март, во Штип ќе се применува Смарт сити модел...

КОКА-КОЛА ДИЗАЈНИРАШЕ ШИШЕ КОЕ НЕ МОЖЕШ ДА ГО ОТВОРИШ САМ, ПОТТИКНУВАЈЌИ ТЕ ДА ЗАПОЗНАЕШ НЕКОГО!

Еден од најкреативните маркетиншки потези во последно време доаѓа од „Кока-Кола“, која осмисли шише што не може да се отвори без помош од друга...
spot_img