11.4 C
Shtip
spot_img

МАКЕДОНИЈА ОБОЕНА ВО ЦРВЕНО, ДОМИНАЦИЈА НА ВМРО-ДПМНЕ

Македонија е обоена во црвено. Од Кичево до Кочани, од Брвеница до Валандово, граѓаните го направија својот избор. Со освоени 54 општини и Град Скопје, ВМРО-ДПМНЕ е апсолутен победник на овие локални избори. Владината коалиција, според партијата, на овие избори покажала дека е стабилна и легитимна, со вкупно освоени 66 општини од вкупно 81.

– Оваа голема победа е и голема одговорност и обврска за работа и испорачување на резултати – изјави на денешната прес-конференција потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски.

Тој изрази благодарност до граѓаните кои ја поддржале партијата и коалицијата.

– Ветуваме дека нема да ве разочараме и обезличиме. Нашиот образ мора да биде чист, а тоа ќе го направиме со работа и со проекти – рече потпретседателот.

Мисајловски ја истакна историската победа во Кичево, каде, како што рече, паднал Фатмир Дехари и ДУИ, што го оцени како доказ за обединување на граѓаните без оглед на етничката припадност.

– Обединувањето во Кичево е пример како ќе се гради Македонија. Огромна победа во Брвеница на Јовица, и покрај сите дејствија на неговиот противкандидат. Албанците, Ромите, Турците, Србите, Бошњаците – сите покажаа дека националните и етничките приказни паѓаат во вода – нагласи Мисајловски.

Во продолжение, тој истакна дека Сотир Лукровски е новиот градоначалник на Карпош, а Орце Ѓорѓиевски ја презема функцијата градоначалник на Град Скопје.

– Граѓаните одбраа промени и во Валандово, Дојран, Дебарца, Демир Капија, Крушево, Пробиштип, Росоман, Чучер Сандево, каде локалната власт ќе биде раководена од нови кадри на ВМРО-ДПМНЕ. Победивме и во Аеродром, Виница, Конче, Неготино, Лозово, Македонски Брод, Могила, Ранковце и Чешиново-Облешево – наведе Мисајловски.

━ повеќе содржини

Центарот за јавно здравје во Штип ќе добие дополнително 1000 вакцини за грип

Поради огромниот интерес, ЦЈЗ Штип доби дополнителни 1.000 бесплатни вакцини. Поради огормен интерес и експресно потрошените 2.000 бесплатни вакцини против сезонскиот грип, ЦЈЗ Штип побара...

ВЕСНА КОЖИНКОВА ПОВТОРНО ИЗБРАНА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛКА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ШТИП, ФЕРУС МУСТАФОВ ПОСТХУМНО ЌЕ ГО ДОБИЕ ПРИЗНАНИЕТО „8 НОЕМВРИ”

На првата седница на новиот Совет на Општина Штип за претседателка е избрана Весна Кожинкова, која и досега го водеше. Во Советот, кој брои...

Врнежи, засилен северен ветер и продор на ладен воздух од север во Македонија

Во следните часови од северозапад над нашата Република Македонија ќе поминува влажна воздушна маса која ќе услови врнежи од дожд кои локално ќе бидат...

Почнува 8. регионална конференција за е-трговија

Во Националната опера и балет во Скопје денеска ќе се одржи 8. регионална конференција за е-трговија, во организација на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија. Како...

Роботите се подготвени за војна

Компанијата Skyborne Technologies со седиште во Бризбејн го претстави својот најнов проект: CODiAQ (Controller-Operated Direct-Action Quadruped), робот со четири нозе кој може да носи...
spot_img