Лоши вести за Шкендија. Крилниот напаѓач на Шкендија, Ване Крстевски претрпе фрактура на клучната коска со дислокација, повреда поради која ќе мора на итна хируршка интервенција.
„Есенската полусезона за Крстевски е завршена и неговото враќање ќе зависи од текот на опоравувањето по интервенцијата и фазата на рехабилитација“ – информираат од Шкендија, притоа осврнувајќи се и на повредата на голманот Амзаи.
„Од друга страна, има попозитивни вести за голманот Астрит Амзаи, кој започна со лесни тренинзи по проблемите со болките во грбот. Тој веќе е на теренот и работи под грижа на медицинскиот персонал, но сè уште не тренира со полн интензитет. За време на утрешниот тренинг ќе се процени неговата конечна состојба, за да се види дали ќе биде подготвен да се натпреварува на натпреварот во четврток против Јагелонија во Конференциската лига на УЕФА“.







