23.3 C
Shtip
spot_img

Ликот на Слаткар осамна на Тајмс Сквер: „Горд сум што момчето од Ново Лисиче што се шверцуваше во автобус, сега е на билборд во Њујорк“

„Првиот пат кога го видов билбордот ми беше тотално нереално. Ми пратија снимки од безбедносна камера за да видам дека е пуштен. А чувството е баш онака… уф… ова е една од малкуте работи за кои не можам да поверувам дека се случиле“ – рече Слаткар, откако билборд со неговиот лик се појави во Њујорк.

На најголемиот плоштад во светот, Тајмс Сквер во Њујорк, 48 пати во текот на два дена се појави видео-билборд со ликот на Марко Маринковиќ Слаткар, и QR код со чие скенирање, секој веднаш ќе може да пристапи до неговата музика на музичките онлајн платформи.

Ова се случува во деновите кога Слаткар го промовираше својот нов албум „Што сакаш да бидеш кога ќе пораснеш“.

Иако самиот, преку пријатели од САД го договорил појавувањето на билбордот, и го очекувал, бидејќи знаел точно кога ќе биде првото појавување, па го гледал и преку градска безбедносна камера, тој сè уште не може да поверува во тоа што се случило.

„Првиот пат кога го видов билбордот ми беше тотално нереално. Ми пратија снимки од безбедносна камера за да видам дека е реално таму.

Почна да се емитува во 12:00 кај нив (кај нас тоа е во 6:00 наутро) и кога првиот пат се сврте не се гледаше убаво на самата снимка.

И реакцијата ми беше леле, што се случува, сам не можев да си поверувам.

Не ми е реално она дете што седело во клупа во Ново Лисиче, што седело по клупи низ Скопје и се шверцало во бус бидејќи немало пари да стигне до дома, истото тоа дете да може да стигне до еден од најбитните билборди на Тајмс Сквер во Њујорк.

Мене ми беше нереално што е мое, а не пак на луѓето што гледаат од страна.

Затоа најверојатно и вие, како новинари, и ме прашавте дали е AИ (вештачка интелигенција), но не би направил такво нешто. АИ би направил за некоја фора, да се гледа очигледно дека е АИ.

А ова, знаев дека ќе оди на видео-билбордите на Тајмс Сквер, јас сум го нарачал, и пак ми е нереално.

Целата работа е тоа што кога човек сака нешто, кога има креативни идеи за промоција, ништо не е невозможно.

За мене ова е исклучително голема чест, затоа што Њујорк е колевка на мојата музика, на мојата култура, на моето суштествување.

likot-na-slatkar-osamna-na-tajms-skver-gord-sum-shto-deteto-od-novo-lisiche-shto-se-shvercuvashe-vo-bus-sega-e-na-bilbord-vo-njujork-02.jpg

━ повеќе содржини

Прв подготвителен натпревар на ФК Брегалница во пресрет на новата фудбалска сезона

Утре (06.08.2025) со почеток од 17:30 часот на Градскиот стадион во Штип, фудбалскиот клуб Брегалница ќе го одигра првиот подготвителен меч пред почетокот на...

“Биди хуман како Тоше” – голема крводарителска акција во склоп на концертот за Тоше во Штип

На 21.08.2025 (четврток) во период од 10:00 до 16:00 во Домот на млади во Штип ќе се реализира голема крводарителска акција. Организаторите на концертот,...

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар на пријателски меч во Карбинци!

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар ќе одигра пријателски меч со третолигашот Карбинци, а кој меч е договорен да се одигра на 12 август (вторник)...

Ивана Биџовска е нов директор на библиотеката „Гоце Делчев“ – Штип

Ивана Биџовска е новата директорка на НУУБ „Гоце Делчев“ Штип. Таа доаѓа на местото на досегашниот директор Драган Горгиев, кој оваа функција ја извршуваше...

Дали е ова крајот на екраните во автомобилите?

Производителите долго време се натпреваруваа да понудат поголем екран на допир и да натрупаат што е можно повеќе функции на него, а Tesla го...
spot_img