13.8 C
Shtip
spot_img

Легендарниот филм „Македонска крвава свадба“ дигитално реставиран ќе се прикаже во платформата “Кинотека”

Утре, на 2 октомври, со почеток во со почеток во 20:00 часот – во киносалата на Кинотеката ќе се одржи специјална проекција на дигитално реставрираниот филм МАКЕДОНСКА КРВАВА СВАДБА (1967, режија:Трајче Попов), како дел од проектот „Сезона на филмски класици“.

Проекцијата на овој класик е посебно значајна, бидејќи на домашната публика ѝ овозможува повторно да го доживее филмот во неговата обновена, дигитално реставрирана верзија, а на младите генерации да се запознаат со еден од најрепрезентативните примери на македонската филмска традиција. Со цел да се овозможи што поширока достапност, филмот во исто време ќе биде емитуван во живо преку Јутуб каналот на Кинотеката, овозможувајќи ѝ на публиката надвор од Скопје и Македонија да го проследи ова значајно културно случување.

Овој значаен настан е дел од европскиот проект „Сезона на филмски класици“ (A Season of Classic Films) – иницијатива на Асоцијацијата на европски кинотеки (Association des Cinémathèques Européennes – ACE), поддржана од програмата „Креативна Европа“ – МЕДИА на Европската унија. Во рамки на овој проект, Кинотеката ги дигитализираше и дигитално ги реставрираше филмовите МИРНО ЛЕТО, ФРОСИНА, МЕМЕНТО и МИС СТОН, како и кратките етнолошки филмови МАРИОВСКА СВАДБА, ВЕЛИГДЕНСКИ ОБИЧАИ и РУСАЛИСКИ ОБИЧАИ.

„Сезоната на филмски класици“ претставува уникатна можност за европската и светската публика повторно да ги открие ремек-делата на филмското наследство, со акцент на културната разноличност и историјата на филмот. До сега во рамки на овој проект Кинотеката ги дигитализира

Од своето основање, проектот овозможи реставрација и повторна дистрибуција на над 210 европски филмови, а оваа година низ програмата се претставуваат повеќе од 40 новореставрирани филмски дела од 27 европски филмски архиви. Во тој избор влегува и филмот МАКЕДОНСКА КРВАВА СВАДБА, како еден од најзначајните македонски филмови којшто го доловува историскиот и културниот контекст на нашата земја и кој претставува камен-темелник во развојот на националната кинематографија.

Со оваа проекција, Кинотеката се приклучува кон европската мрежа на институции кои го негуваат и промовираат филмското наследство, овозможувајќи старите филмови повторно да заживеат пред нови генерации гледачи.

Целата програма на проектот „Сезона на филмски класици“ е достапна на следниот линк: https://ace-film.eu/wp-content/uploads/2025/04/A-Season-of-Classic-Films_Programme-catalogue-2025.pdf

━ повеќе содржини

ОК Штип УГД во среда го игра реваншот во Challenge Cup против норвешки Кол Ил

Одбојкарскиот клуб Штип УГД во среда (19/11) на домашен терен ќе го одигра возвратниот меч од Челинџ Купот против претставникот од Осло - Кол...

Кина ја отвори првата фабрика за возила што летаат!

Кинеската компанија XPENG Aridge започна пробно производство во својата фабрика во Гуангжу, отворајќи ја првата линија за масовно производство на летачки автомобили во светот....

Објаснето од експерт – Зошто многу луѓе се будат околу три часот наутро

Многу луѓе се будат околу три часот во текот на ноќта. Неврологот ги навел можните причини зошто се случува ова и открил како да...

Диета со грозје е најдобриот метод за вишок килограми во есен

Точно е дека многу професионалци велат да внимаваме со овој плод, бидејќи содржи многу шеќер, но тоа е диетално во одредена количина и во...

На денешен ден е роден Зоран Шоров, еден од најуспешните македонски борачи на сите времиња

Зоран Шоров е роден во Штип на 17 ноември 1961 година. Тој е македонски борач, член на БК Балканец од Штип и државен репрезентативец....
spot_img