22.5 C
Shtip
spot_img

Комисијата за заразни болести предупредува на зголемен број на случаи со Ковид-19

На последниот состанок, Комисијата за заразни болести констатираше дека бројот на позитивни случаи на Ковид-19 се зголемил во однос на минатата недела. Поради ова, Комисијата ги потсетува граѓаните да ги почитуваат општите мерки за превенција од респираторни инфекции, вклучувајќи избегнување групирање и подолг престој во затворени простории, редовно проветрување на просториите, почесто миење раце, и избегнување близок контакт со заболени лица.

„Вакцинацијата е најефикасен начин за заштита од тежок облик на болеста,“ се наведува во соопштението.

Комисијата ја потврди својата препорака дека тестирањето за Ковид-19 не е услов за прием во здравствена установа, туку треба да се спроведува само доколку пациентот има симптоми карактеристични за вирусот. Пациентите треба да се лекуваат од основната болест во соодветната здравствена установа, дури и ако се ковид позитивни, при што установата треба да обезбеди услови за минимизирање на ризикот од ширење на болеста преку изолирање на позитивните пациенти.

Комисијата за заразни болести внимателно ја следи ситуацијата и ќе донесе соодветни препораки во зависност од развојот на состојбата, истакнаа од Комисијата.

━ повеќе содржини

Заврши асфалтирањето пред ОУ „Ванчо Прке“ и ТЦ – следува градежна офанзива

Завршени се градежните активности за асфалтирање на платформата пред основното училиште „Ванчо Прке“, како и на конзолата пред Трговскиот центар. Овие зафати се дел...

Асфалтирано платото и паркингот пред фудбалскиот терен на Бело Брдо

Денес беше завршено асфалтирањето на платото и паркинг површината пред фудбалскиот терен во населбата Бело Брдо, со што се подобрува пристапот и условите за...

Во недела ќе се одржи првиот таеквондо турнир „Штип опен 2025“

Во недела Таекводно клубот Штип и Македонска таеквондо федерација го организираат првиот таеквондо турнир „Штип опен 2025“. Турнирот ќе се одржи во спортска сала „Јордан...

Лани во Македонија се случиле над 2 илјади разводи!

Во 2024 година бројот на склучените бракови е намален за 12.7 % во споредба со 2023 година. Просечната возраст при склучувањето прв брак е...

Рачниот менувач заминува во историјата?

Рачниот менувач наскоро може да биде минато, бидејќи најновите бројки покажуваат дека многу малку нови автомобили се достапни со овој тип на менувач. Статистиката е...
spot_img