7.7 C
Shtip
spot_img

Кои акции ги препорачуваат водечките банки за 2026 година

Со предвидувањето за постабилен пазар на капитал по донекаде турбулентната 2025 година, особено во однос на индексот S&P 500 и налетот на вештачката интелигенција (ВИ), инвеститорите се со една нога во 2026 година. Фокусирани се на следната фаза на раст. Најголемите американски инвестициски банки го насочуваат своето внимание што злато вреди не кон златото туку кон компании што, според нивните процени, би можеле најмногу да профитираат на крилјата на најнапредната технологија.

Како што стратешкото позиционирање станува поважно од следењето на краткорочните осцилации на пазарот, препораките на „ЏП Морган“ (J.P. Morgan), „Голдман Сакс“ (Goldman Sachs) и „Морган Стенли“ (Morgan Stanley) сè повеќе се читаат како мапа на долгорочни трендови, а не како класични листи на „топ акции“. Нивните тековни анализи покажуваат дека, иако делат заедничка макровизија – доминација на ВИ, центри за податоци и инфраструктура во облак – нивните специфични инвестициски стратегии се разликуваат во (клучни) детали.

Заеднички именител: ВИ-инфраструктура

Најширокиот консензус меѓу банките е дека 2026 година нема да се сведе на една „акција на вештачка интелигенција“, туку за целиот технолошки синџир – од чипови, преку меморија и мрежна опрема, до платформи во облак што ја комерцијализираат вештачката интелигенција. Во тој контекст, „Бродком“ (Broadcom) се издвојува како ретко име за кое „ЏП Морган“, „Голдман Сакс“ и „Морган Стенли“ во голема мера се согласуваат.

„ЏП Морган“ го гледа „Бродком“ како клучен играч во инфраструктурата поради растот на „приспособливи“ (custom) чипови со вештачка интелигенција и напредни мрежни решенија, додека „Морган Стенли“ го рангира меѓу најважните „играчи за чипови“ за 2026 година. Со други зборови, тоа е најдиректниот облог, или акција, за целата приказна за вештачката интелигенција. „Голдман Сакс“, иако експлицитно не го именува „Бродком“ како свој топ избор за 2026 година, го вклопува во пошироката нарација за компаниите што ќе имаат корист од забрзаното трошење на центри за податоци.

Иако е најблиску до консензус на Волстрит, интересно е што калифорниската компанија – која слави две децении од своето основање во 2026 година – не беше често споменувана во 2025 година.

Ако „Енвидија“ (Nvidia) е торнадо, „Бродком“ е тивка вода што го рони брегот.
Сличен, но не идентичен модел важи и за највредната компанија во светот во моментов. „Голдман Сакс“ и „Морган Стенли“ ја гледаат „Енвидија“ како централен победник во инвестицискиот циклус за вештачка интелигенција, потпирајќи се на нејзината доминација во сегментот на графички процесори и нејзината клучна улога во обуката на големи модели на вештачка интелигенција.

„ЏП Морган“, сепак, е повнимателен во своите препораки. „Енвидија“ не е нивниот прв избор, што не значи дека ја оспоруваат нејзината важност, туку посветуваат поголемо внимание на доставувачите на инфраструктура околу на самите графички процесори.

Трета точка на преклопување, иако помалку медиумски изложена, е „Микрон технолоџи“ (Micron Technology). И „ЏП Морган“ и „Морган Стенли“ нагласуваат дека мемориските чипови повторно добиваат стратешка важност поради специфичните задачи што компјутерот или центарот за податоци ги извршува за да функционира вештачката интелигенција (англ. AI workload), а каде што побарувачката за напредни мемориски решенија расте побрзо отколку во класичните циклуси на индустријата за полупроводници. Така, „Микрон“ се појавува како чест избор од сенка – помалку привлечен за медиумските наслови, но важен за структурата на пазарот.

Каде се разликуваат стратегиите: не е сè во „технологијата“

„ЏП Морган“ продолжува да се потпира на инвестиции во основна инфраструктура за вештачка интелигенција во 2026 година, наместо на најекспонираните имиња. Покрај „Бродком“ и „Микрон“, фокусот е на компании како „Марвел“ (Marvell Technology) и „Аналог дивајсес“ (Analog Devices), кои се помалку видливи за пошироката јавност, но играат клучна улога во обезбедувањето основни мрежни и комуникациски компоненти за работењето на модерните центри за податоци. Нивната стратегија сугерира дека „невидливите“ делови од системите за вештачка интелигенција ќе донесат постабилни и долгорочни приноси од оние во првата линија.

„Голдман“, од друга страна, ја гледа 2026 година првенствено низ призмата на поширок раст на пазарот и монетизација на вештачката интелигенција. Вниманието се префрла на компаниите со мегакапитал (најголемите по пазарна вредност), кои имаат капацитет да ги претворат решенијата за вештачка интелигенција во значаен и одржлив извор на приходи. Тука, покрај „Енвидија“, „Мајкрософт“ (Microsoft) и „Алфабет“ (Alphabet), се издвојуваат и компании што веќе имаат развиени канали за монетизација преку облак, софтвер и рекламирање. Стратегијата на „Голдман“ е помалку фокусирана на тоа „кој го прави чипот“, а повеќе на тоа „кој заработува пари од вештачката интелигенција на долг рок“.

„Морган Стенли“ има најширок пристап. Неговата листа за 2026 година не запира само на водечките имиња, туку го опфаќа целиот екосистем  – од „Бродком“, „Енвидија“ и „Микрон“ до „Астер лабс“, „Аплид материјалс“, ТСМЦ и НХП.

Што ни кажува ова? „Морган Стенли“ не ја гледа вештачката интелигенција како минлив тренд на пазарот, туку како долгорочен инвестициски циклус, во кој вредноста се шири со текот на времето низ целиот технолошки синџир – од производители на опрема и чипови до специјализирани доставувачи.

Што да се чита меѓу редови

Кога овие три стратегии се гледаат заедно, станува јасно дека разликите не се во прогнозата, туку во нивото на ризик и временскиот хоризонт. „ЏП Морган“ бара стабилност во инфраструктурата, „Голдман Сакс“ бара поширока можност за претворање на технологијата во приходи, додека „Морган Стенли“ се обидува да го опфати целиот спектар. Генерално, нивните избори за 2026 година ни кажуваат дека вештачката интелигенција е ’рбетот на инвестициската стратегија и сега и во иднина.

„Вештачката интелигенција напредува со молскавична брзина. Ако јас почнам да трчам денес, а вие почнете да трчате утре – никогаш нема да ме стигнете. Повеќемесечните стратегии го поткопуваат успехот на стартапите. Мора да започнете денес. Со вештачката интелигенција, не е прашање дали, туку кога, а тоа ‘кога’ веќе дојде. Дали сакате да бидете лидер или следбеник? Тоа е прашањето што треба да си го поставите“, рече Ведран Бајер, директор на компанијата „Вондерфул“ (Wonderful) за регионот „Адрија“.

Иако долговите на компаниите поради инвестиции во вештачка интелигенција растат, а наративот за пренадуен балон трае веќе долго време (доволно за да поколеба некои инвеститори), овој пристап на банките за 2026 година може многу да помогне во враќањето на довербата во вештачката интелигенција на берзите. Сепак (сè уште) се врти.

━ повеќе содржини

„СЕЈФ СИТИ“ СТАРТУВА НАСКОРО – ЕВЕ ДО КОЛКУ КИЛОМЕТРИ НАД ОГРАНИЧУВАЊЕТО БИ ТОЛЕРИРАЛ СИСТЕМОТ!

Системот за видео-контрола на сообраќајот „Безбеден град“ е на чекор до целосна примена и, ако сè оди според планот, ќе почне да функционира од...

Изборот на Седлоски за нов селектор ги раскара Игор Ангеловски и Горан Пандев

Изборот на Гоце Седлоски за нов селектор на фудбалската репрезентација на Македонија, ги раскара поранешниот селектор Игор Ангеловски и директорот на националните репрезентации, легендарниот...

Лазаров: Верувам во овие играчи и во оваа селекција

Поискусни сме за една година и полека го градиме тој победнички менталитет. Очекувам поддршка за овие млади момци надградени со двајца поискусни играчи над...

Магла на патот Штип – Неготино на планината Серта. Се аплеира крајно внимателно возење

Намалена видливост поради магла до 30 метри на патниот правец с.Гајре –Попова Шапка и до 100 метри на патниот правец Штип – Неготино кај...

„Во чест на поетот“ денеска во Штип

„Во чест на поетот“ е насловот на настанот што ќе се одржи денеска на пладне во Спомен собата во Центарот за култура „Ацо Шопов“...
spot_img