-1.2 C
Shtip
spot_img

Италијанска компанија ќе инвестира во ТИРЗ Штип

Вчера, општина Штип ги пречека Амбасадорот на Република Италија во Македонија, Н.Е. Паоло Палминтери, Фабио Каросо, регионален советник од Италија, Ева Нетковска, виш трговски аналитичар на Италијанската трговска агенција во Скопје, и нашиот сограѓанин Тони Димитровски, сопственик на Мак Базен.

Градоначалникот Иван Јорданов разговараше за можностите за бизнис и економска соработка помеѓу Италија и Македонија, особено за потенцијалите што ги нуди Штип.

“Во наредниот период ќе биде отворена компанија за производство на компоненти за монтажни базени, која ќе овозможи 30 до 50 нови работни места. Ова е уште еден чекор кон економскиот развој на Штип и Источна Македонија. Нашата крајна цел е подобар стандард и креирање можности за младите да останат и да градат иднина тука, дома.” – изјавија од кабинетот на првиот човек на Штип.

Фабио Каросо, сопственик на италијанската компанија „L’Isola Blu Piscine“, од своја страна изрази задоволство од средбата, со очекување успешна реализација на потенцијалната инвестиција во ТИРЗ Штип. Тој истакна дека клучен фактор за одлуката за потенцијална инвестиција се поволната бизнис-клима и поддршката за странските инвеститори што ја нуди Македонија, претставувајќи атрактивна дестинација за инвестирање.

Компаниите што се корисници во ТИРЗ Штип, се задоволни од работењето во зоната. Во последната спроведена анкета, која ги опфати сите главни аспекти важни за функционирањето на зоните, вклучувајќи ги: задоволството од услугите на Дирекцијата за ТИРЗ, како и знаењето, вештините и способноста на вработените; точноста на добиените информации и брзината на постапување по доставено барање, тие дале просечна оценка 4,48 од максимум 5,00, што укажува на континуиран раст, на задоволството на корисниците на ТИРЗ Штип.

━ повеќе содржини

Кој е анонимниот обложувач кој заработи чисти 404.000 долари на оставката на Мадуро?

На платформата Polymarket – најголемата светска платформа за предвидувања – неодамна беше поставена една од најневообичаените облози во историјата. Непознат корисник вложил 32.000 долари...

Повеќе од 2.100 жени го тужат Pfizer бидејќи популарната контрацепција им предизвикала тумори на мозокот

Илјадници жени во Америка започнаа судска постапка против фармацевтскиот гигант Pfizer, тврдејќи дека нивната популарна контрацептивна инјекција Depo-Provera им предизвикала трауматични и понекогаш неизлечиви...

ШТИП ДОНЕСЕ НОВ ТАКСИ-ЦЕНОВНИК, УКИНАТА ПОВОЛНОСТА ЗА БЕСПЛАТНИ ПРВИ ДВА КИЛОМЕТРИ, СТАРТОТ ЌЕ ЧИНИ 70 ДЕНАРИ

Такси-превозот во Штип од почетокот на оваа година се одвива според нов ценовник, усвоен од Советот на Општина Штип на последната седница кон крајот...

Стара Нова година и Василица – Утре повторно ќе се празнува

Православните христијани кои се водат според Јулијански календар утре вечер, на 13. кон 14. јануари, ќе ја пречекаат Православната или Старата нова година. Ќе се слават три...

Јајцата поевтинуваат: Маркетите ги враќаат старите цени по ноемврискиот скок

Цената на јајцата во малопродажбата од денеска е значително намалена и во поголем дел од маркетите е вратена на нивото од пред големото поскапување...
spot_img