11.9 C
Shtip
spot_img

Дурловски, „Ајга“, Четкар, Џајковски ја промовираа македонската култура на ЕКСПО Осака 2025

Во рамките на еден од најголемите светски настани – ЕКСПО Осака 2025, Македонија со специјална програма го одбележа 8 Септември – Денот на независноста. Настанот се одржа пред бројна меѓународна публика и понуди  автентично претставување на нашата култура, традиција и современо уметничко творештво.

Во културно-уметничкиот дел настапија реномираните оперски уметници Ана и Игор Дурловски, придружувани од камерниот оркестар „Ајга“, кои изведоа македонски народни песни во современи обработки на композиторот Сони Петровски. Со својата интерпретација тие ја пренесоа магијата на македонската традиција на интернационалната публика.

Посебен интерес предизвика и концертот на познатиот џез-гитарист Владимир Василевски – Четкар, чие творештво претставува мост помеѓу македонската музичка душа и современите светски звуци, како и енергичниот настап на Кирил Џајковски со својот бенд, кој ја претстави Македонија во едно модерно и глобално прифатливо издание.
Значајна атракција беше изложбата посветена на јапонскиот архитект Кензо Танге, чиј план за реконструкција на Скопје по земјотресот во 1963 година претставува историски пример за архитектура и урбанистичко планирање, како мост меѓу културите и народите.

Во македонскиот павилјон, кој бележи просечно по 30.000 посетители дневно, гостите имаа можност да се запознаат со културното наследство, туристичкиот потенцијал, природните убавини, уникатното наследство под заштита на УНЕСКО, како и богатата гастрономска традиција. Со тоа, Македонија се претстави како атрактивна туристичка дестинација подготвена да понуди незаборавно искуство во духот на автентичноста и гостопримството.

━ повеќе содржини

РАСПИШАН E ОГЛАС ЗА ИЗБОР НА ЗАМЕНИК-НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА ШТИП И НЕКОЛКУ ДРУГИ ГРАДОВИ

Народниот правобранител Фатон Сељами распиша оглас за избор на осум заменици кои ќе работат во подрачните канцеларии на институцијата во Скопје, Струмица, Штип, Битола,...

Гитарата на David Gilmour продадена за 14,6 милиони долари – нов рекорд во музичката историја

Легендарната црна гитара „Black Strat“ на David Gilmour, долгогодишниот гитарист на култниот рок-бенд Pink Floyd, испиша ново поглавје во музичката историја. На аукција во...

Светот оди предалеку! Пакет пелени од Gucci чинат 500 евра!

Додека поголемиот дел од родителите се соочуваат со секојдневните трошоци за основните потреби на своите деца, модниот бренд Гучи предизвика лавина реакции со екстремно...

Штип ќе добие нова сообраќајница!

Во деновите пред нас, градоначалникот Јорданов најави активности за трасирање на нова сообраќајница, која практично треба да поврзи две постоечки сообраќајици. Станува збор од...

Која е прекрасната Викторија Бонја, руската контроверзна инфлуенсерка, која му сврте грб на Путин?

Руската инфлуенсерка, ријалити-ѕвезда, манекенка и активистка Викторија Бонја (46) веќе со години го привлекува вниманието на јавноста, вешто балансирајќи меѓу луксузниот живот во Монако...
spot_img