21.7 C
Shtip
spot_img

Дрон предизвика молња за прв пат во светот – почнува ли нова ера на контрола на времето?

Секој што набљудувал молња за време на грмотевици знае колку овој природен феномен предизвикува и страв и восхит. Ударите од гром се меѓу најдеструктивните појави за живите суштества, а нивното точно предвидување и денес претставува сериозен предизвик. Постоечките безбедносни мерки не секогаш се ефикасни — но јапонската телекомуникациска компанија „Нипон Телеграф енд Телефон Корпорејшн“ (НТТ) смисли нов и невообичаен пристап.

Компанијата објави дека за прв пат во светот успеала да активира удар од гром користејќи дрон и промените во електричното поле. Дронот, дизајниран со специјален заштитен кафез што издржува директни удари од молња, може да стане основа за побезбедна инфраструктура во урбани средини.

Според податоците на НТТ, штетите предизвикани од гром во Јапонија годишно достигнуваат од 100 до 200 милијарди јени (околу 650 милиони до над 1,3 милијарди американски долари). Тоа ја нагласува потребата од нови и поефикасни методи за заштита, особено таму каде што традиционалните громобрани не се применливи — како кај ветерни турбини или на отворени простори.
Токму затоа, НТТ започна со истражување на можностите за користење беспилотни летала за насочување на ударите од гром.

Новата технологија се базира на лансирање дрон кон грмежлив облак, со цел да се активира молња и безбедно да се насочи подалеку од чувствителни објекти.
Од декември 2024 до јануари 2025, тимот спроведе експеримент во планински предел кај градот Хамада, во префектурата Шимане.

Дронот летал на надморска височина од 900 метри, опремен со сензори за следење на електричното поле. На 13 декември, кога бил идентификуван активен облак, дронот бил поврзан со електричен прекинувач на земјата и успешно предизвикал молња. Ударот само делумно го стопил заштитниот кафез, а дронот останал недопрен.

Кафезот, направен од спроводлив метал, ја насочува електричната енергија и ја распрскува молњата радијално, со што се намалува и магнетното влијание. При тестирање со вештачки молњи, дронот издржал и удари до 150 килоампери — дури пет пати посилни од просечен природен гром.

Во иднина, НТТ планира да го унапреди системот, да работи на подобро предвидување на молњи и потенцијално да ја искористува нивната енергија.

━ повеќе содржини

Штипјанката Билјана Донева го освои Grossglockner – искачи 3.798 метри на највисокиот врв во Австрија

Штипјанката Билјана Донева запиша уште едно значајно планинарско достигнување, успешно искачувајќи го Grossglockner, највисокиот врв во Австрија, висок импресивни 3.798 метри.Донева до врвот стигна...

Света Петка ѝ се јавила во сон – приказната за светата вода кај штипското село Аргулица

Во близина на штипското село Аргулица, во атарот на Општина Карбинци, стои светото место посветено на Света Петка Параскева. Манастирската црква „Св. Петка“ и...

Штипјанец ја прави најдобрата ракија во светот: Ракијата „Бараба“ е прогласена за најдобра во светот на меѓународен натпревар во Лондон!

Ракијата Бараба е прогласена за најдобрата ракија во светот на меѓународен натпревар во Лондон, а технологот кој ја произведува е Александар Рунчев од Штип. IWSC...

Полицијата во Штип приведе 29-годишна жена со марихуана

На 05.09.2026 во 22:45 часот на ул. „Тодор Чучков“ во Штип, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР...

Лигата на шампионите доаѓа во Штип!

Одбојкарскиот клуб Штип УГД, кој за прв пат лани ја освои двојната круна во првенството и купот, годинава премиерно ќе настапува во одбојкарската Лига...
spot_img