Денес, со почеток од 17:30 часот, екипата на одбојкарскиот клуб Штип УГД го започнува походот кон одбрана на куп-титулата во националниот одбојкарски куп. Во салата Јане Сандански во Скопје, во полуфиналниот меч, штипјани ќе ги вкрстат копјата против стариот познаник, екипата на ОК Струмица. Во случај на победа, во финалето ќе го очекуваат подобриот од дуелот помеѓу екипите на ОК Борец од Велес и ОК Работнички од Скопје. Финалниот меч се игра утре (сабота) од 19:30 часот.
Влезот за целиот куп турнир во СЦ Јане Сандански е слободен, а на собранискиот канал на МТВ ќе може да проследите директен пренос од сите натпревари.







