7.7 C
Shtip
spot_img

ВО ЦРКВИТЕ НАСКОРО ПЛАЌАЊЕ И СО КАРТИЧКА, ЗАБОРАВЕТЕ НА СИТНИТЕ ПАРИ!

Доаѓа ново време дури и во црквите. До крајот на 2025 година, во 30 цркви низ Италија од студениот Тренто до сончевата Катанија ќе никнат специјални тотеми со POS-уреди, преку кои верниците и туристите ќе можат да даруваат пари со едно допирање на картичка или телефон.

фото: принтскрин/инстаграм/inaspettato

Проектот, симболично наречен „100 тотеми во 100 цркви“, е заедничка мисија на Banco BPM, финтек-компанијата Numia и Италијанската бискупска конференција.
Наместо да барате ситни во џебот, доволно ќе биде еден допир со Mastercard, Visa или мобилен телефон.

фото: Pixabay

Пилот-проектот, започнат уште во ноември 2024 година, веќе ги освои верниците во базиликата „Свети Амвросиј“ во Милано, светите базилики во Асизи и дури еден информативен пункт во Ватикан. По успехот на тестот, се подготвува проширување на системот во уште 30 цркви, со цел до крајот на иницијативата да се достигне бројката од 100 „паметни“ свети места.

Секој тотем ќе има повеќејазичен екран, погоден и за туристи, и ќе биде поставен на лесно достапни локации во храмовите.

Дигиталното дарување нема цел да ја замени касичката за пари, туку да биде модерна алтернатива за оние што не носат готовина.

Овој нов начин на „електронска добрина“ не само што го следи духот на времето, туку и обезбедува поголема транспарентност и безбедност на донациите.

Изгледа дека и црквата влегува во ерата на бесконтактната технологија,а со тоа, дарежливоста станува попаметна, побрза и поблиска до сите нас.

━ повеќе содржини

„СЕЈФ СИТИ“ СТАРТУВА НАСКОРО – ЕВЕ ДО КОЛКУ КИЛОМЕТРИ НАД ОГРАНИЧУВАЊЕТО БИ ТОЛЕРИРАЛ СИСТЕМОТ!

Системот за видео-контрола на сообраќајот „Безбеден град“ е на чекор до целосна примена и, ако сè оди според планот, ќе почне да функционира од...

Кои акции ги препорачуваат водечките банки за 2026 година

Со предвидувањето за постабилен пазар на капитал по донекаде турбулентната 2025 година, особено во однос на индексот S&P 500 и налетот на вештачката интелигенција...

Изборот на Седлоски за нов селектор ги раскара Игор Ангеловски и Горан Пандев

Изборот на Гоце Седлоски за нов селектор на фудбалската репрезентација на Македонија, ги раскара поранешниот селектор Игор Ангеловски и директорот на националните репрезентации, легендарниот...

Лазаров: Верувам во овие играчи и во оваа селекција

Поискусни сме за една година и полека го градиме тој победнички менталитет. Очекувам поддршка за овие млади момци надградени со двајца поискусни играчи над...

Магла на патот Штип – Неготино на планината Серта. Се аплеира крајно внимателно возење

Намалена видливост поради магла до 30 метри на патниот правец с.Гајре –Попова Шапка и до 100 метри на патниот правец Штип – Неготино кај...
spot_img