10.8 C
Shtip
spot_img

Во пресрет на дуелот со Велс, Боби Милевски го објави списокот на повикани фудбалери

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски, го објави списокот со повикани фудбалери за контролниот натпревар против Летонија кој се игра на 13. ноември на домашен терен и за мечот со Велс во Кардиф, кој се игра на 18. ноември.

Селекторот Милевски нема да може да смета на повредениот Езѓан Алиоски, а пак во репрезентацијата повратници се Бојан Димоски, Кристијан Трапановски и Лирим Ќамили.

Повикани голмани се Столе Димитриевски, Дејан Илиев, Дамјан Шишковски и Игор Алексовски. Во одбраната ќе бидат Висар Муслиу, Никола Серафимов, Ѓоко Зајков, Бојан Димоски, Андреј Стојчевски, Дарко Велковски, Стефан Деспотовски, Бојан Илиевски и Стефан Ашковски.

Во средниот ред ќе бидат Енис Барди, Јани Атанасов, Елиф Елмас, Исник Алими, Лука Станковски, Тихомир Костадинов, Решат Рамадани и Давид Бабунски.

Во нападот на македонската репрезентација ќе бидат Бојан Миовски, Милан Ристовски, Дарко Чурлинов, Александар Трајковски, Елмин Растодер, Кристијан Трапановски и Лирим Ќамили.

Собирот на македонската репрезентација е закажан за 10. ноември. Во нашата квалификациска група прва е Белгија со 14 бодови, но меч помалку во однос на Македонија која е втора со 13 бодови, а пак Велс е трет со 10 бодови, но со меч помалку. Казахстан е четврти со 7 бодови, а на дното е Лихтенштајн без бодови и со меч помалку.

━ повеќе содржини

Денес стартува Ф4 во Купот. ОК Штип УГД ја брани титулата од претходните две сезони

Денес, со почеток од 17:30 часот, екипата на одбојкарскиот клуб Штип УГД го започнува походот кон одбрана на куп-титулата во националниот одбојкарски куп. Во...

Боксерската лига започнува во недела од Штип

Во недела (29 март) Штип ќе биде домаќин на првото коло од Првата македонска боксерска лига кое ќе се одржи во спортската сала на...

Познатиот гинеколог Д-р Владимир Трајковски гостува на кафе-средба во Штип!

Во сабота (28.03.2026) со почеток од 13:00 часот во просториите на Мултимедијалниот центар Канал 77 во Штип ќе се одржи кафе-средба со Д-р Владимир...

Од стручен агол: Прогноза за почетните 11-мина вечерва против Данска

Фудбалската репрезентација на Македонија е на два чекори од Светско првенство. Сонот за пласман на Мундијал е блиску до реализација, но ќе стане вистина...

Необично истражување: Ајкулите на Бахамите се позитивни на кокаин и кофеин

Ново научно истражување открива дека кај ајкулите во водите околу Бахамите за првпат се пронајдени траги од кокаин, кофеин и аналгетици во крвта. Ова...
spot_img