10.2 C
Shtip
spot_img

„Вози Мишко“: Стигнале понуди за автобусот од култниот филм, сопственикот засега не прифаќа ниту една

Во Јадран филм пристигнале четири понуди од заинтересирани купувачи за нивниот најпознат автобус, кој му даде автентичност на култниот филм „Кој тоа таму пее“. Хрватската продукциска куќа не ни објавила дека го продава автобусот, туку луѓето сами покажале интерес и го направиле првиот чекор.

„Во моментов се работи на обновување на автобусот за да се спречи неговото пропаѓање. Станува збор за голема инвестиција во реконструкцијата на ова возило“, порача претседателот на управата на Јадран филм, Винко Грубишиќ.

Тој додава дека нивната желба е автобусот да го направат механички и технички целосно исправен, за повторно да може да се движи по патиштата. Визуелно мора да остане оригинален, но технички исправен за да може да се вози како регистриран автобус. Замислата е повторно да се појави на патиштата на поранешна Југославија, а зад воланот да биде некој „Мишко“, кој ќе вози со врзани очи, како во филмот, заклучува Грубишиќ.

Планот, практично, е автобусот да се претвори во своевидно „шоу-возило“ кое ќе патува низ цела поранешна Југославија. Тоа значи дека автобусот ќе остане во оригиналната боја, со натписот „Крстиќ и син“, со оџакот, како и со дупките од сачми на покривот.

Неговата цена денес се движи околу 60.000 евра, бидејќи колекционерите не се особено заинтересирани за автобуси и камиони. Како олдтајмер има таква вредност, но како возило од ремек-дело на југословенската кинематографија, неговата вредност од година во година несомнено расте.

━ повеќе содржини

Штипскиот музичар и професор Коки Јанков го објави новиот, двоен албум „Навикни на промени“ со 20 песни

Започна промоцијата на новиот, двоен албум „Навикни на промени“ од Коки Јанков, кој содржи вкупно 20 песни. Албумот носи современ поп звук со емотивна...

НАЈАВИ ЗА ПРИМИРЈЕ МЕЃУ САД И ИРАН! Ете кои се условите и последиците…

Американскиот претседател Доналд Трамп „се откажал“ од нападот врз иранските енергетски објекти по „цврсто предупредување“ од Техеран, објавија  иранските медиуми. Истите тврдења ги изнесе и...

„Органодарителство во Македонија“- јавна трибина за студентите по медицина во Штип

Медицинската студентска организација СОМА организира јавна панел-дискусија насловена „Органодарителство во Македонија“ во соработка со органодарителство.мк. Јавната трибина ќе се одржи на 27.3.2026 (петок) во просториите на Мултимедијален...

Се намалува ДДВ-то на горивата од 18% на 10%!

Намалување на данокот на додадена вредност (ДДВ) за горивата и ослободување на количини мазут од државните резерви, се двете мерки со кои Владата предводена...

УГД Штип е домаќин на меѓународен настан на кои учествуваат осум универзитети од Европската универзитетска алијанса

УГД Штип денеска беше домаќин на настан, истражувачка мисија, на кој присуствуваа сите девет универзитети во склоп на алијансата. Заеднички професорите учествуваат во креирање...
spot_img