Откако во 2023 ја снимија дуетската песна „Хабиби“, Пајак и Антониа Гиговска најавија нов летен хит, „Навика“.

Музиката и текстот се на Пајак, во соработка со Елвир Мекиќ, а аранжманот е на Иван Јованов – Iwayo.

Веднаш по промоцијата на песната, Антониа објави кратко видео на својот Инстаграм.
„Дечки, конечно „Навика“ е достапна да си ја слушате на сите платформи.
Голееемо благодарам до мојот другар Пајак, заедно со Iwajo, за поканата повторно да му гостувам во песна.

За мене е секогаш предизвик да соработувам и да дадам свој печат на песната. На сет ни беше малку ладно, но сепак многу интересно.
Ние се надеваме дека ќе ви се допаднат и песната и видеото, а вие пишете ми во коментар кој од вас има вакви љубовни проблеми, и кој најмногу се пронајде во песнава“, напиша таа.

„Спотот го снимивме сега, во мај, но дента врнеше многу. Па, освен што измрзнавме, не бевме ни сигурни дали ќе престане и дали ќе можеме да почнеме да снимаме.
Ама, многу сум задоволна од тоа како излезе сè на крајот“, ни кажа таа.
