13 C
Shtip
spot_img

Ансамблот “Танец” гостува во среда во Штип!

Драги љубители на фолклорот.

Ансамбл за народни игри и песни на Македонија „Танец“ со гордост најавува целовечерен концерт во Штип, кој ќе ве понесе на едно возбудливо патување низ богатата ризница на македонскиот фолклор.

Дојдете и уживајте в магијата на „Танец“-синоним за врвна уметност, прецизност во движење и длабоко разбирање на народната традиција. Ќе имате можност да ги видите нивните изворни кореографии, кои ја раскажуваат приказната за Македонија низ игра, песни и раскошни носии. Од темпераментните ора до лирските песни, секој настап е посветен на зачувувањето и промовирањето на културното наследство.

Не пропуштајте ја оваа единствена можноста да бидете дел од спектакуларното доживување кое само „Танец“ може да го понуди. Бидете сведоци на живата традиција и енергијата која ве остава без здив!

Среда | 04.06.2025 | НУЦК Ацо Шопов – Штип | Почеток: 19:30

━ повеќе содржини

Доделени 8-мо номеврските награди!

На свечена седница денеска беа доделени 18 осмоноемвриски признанија во Штип по повод ослободувањето на градот 8 Ноември. Заслужни граѓани, институции, здруженија, граѓански организации...

ОК Штип УГД почна да одбројува до историското деби на европска сцена

Уште само пет денови до првиот меч од европскиот Челинџ купот во одбојка, каде нашиот клуб Штип УГД ќе настапува за прв пат. Во...

НОВА УСЛУГА НА „ВИЗ ЕР“! – ПРАЗНО СЕДИШТЕ ДО ВАС, ПОВЕЌЕ КОМФОР И ПРИОРИТЕТНО КАЧУВАЊЕ: ЕВЕ ШТО ЌЕ НУДИ „ВИЗ КЛАС“!

Нискобуџетната авиокомпанија „Виз Ер“ наскоро ќе понуди сосема ново искуство за патниците што сакаат повеќе удобност на летот. Од декември 2025 година, компанијата стартува...

ДАЛИ СЕ ПОСТИ ЗА МИТРОВДЕН?

Македонската православна црква и нејзините верници в сабота, на 8 ноември, го празнуваат Митровден, односно Свети Димитриј, кој се смета за еден од најголемите...

МАЛТА ГИ НАПРАВИ ТЕРЕТАНИТЕ БЕСПЛАТНИ ЗА СИТЕ НА ВОЗРАСТ ОД 16 ДО 21 ГОДИНА!

Од 2026 година, сите жители на Малта на возраст од 16 до 21 година ќе добијат можност за шест месеци бесплатна членарина во теретана. Оваа...
spot_img