Второлигашот Брегланица од Штип продолжува да се бори за враќање во Првата македонска фудбалска лига, а клубот доби нов претседател. Оваа функција ќе ја извршува Ангел Бојаџиев.
Инкау, Бојаџиев доаѓа во добро позната средина бидејќи оваа позиција ја извршуваше и во минатото, па менаџирањето на клубот од позиција на претседател во Брегалница за него е добро позната.
Инаку, по 21 одиграно коло во Втората македонска фудбалска лига Брегалница се наоѓа на четвртото место со 46 бодови и има три бодови помалку од лидерот Охрид.
Во соопштението од клубот наведуваат дека новиот претседател заедно со сите чинители во клубот максимално ќе се ангажираат за подобрување на условите во клубот и стадионот.
Токму во сабота ќе се одигра и дербито меѓу Брегалница и Охрид, а кое дерби ќе се игра под рефлектори на Градскиот стадион во Штип. Влезот за овој меч ќе биде слободен. Ова ќе биде клучен меч кој „сините“ ќе мора да го добијат и да го напаѓаат првото место, бидејќи само челната позиција води кон Прва лига, а второто и третото место кон баражот за можен влез во Прва лига.







