3.8 C
Shtip
spot_img

Адвокатите на Ратко Младиќ бараат судот во Хаг итно да го ослободи бидејќи се ближи кон крајот на животот

Одбраната на воениот командант на Војската на Република Српска, Ратко Младиќ, побара од претседателот на меѓународниот суд во Хаг веднаш да го ослободи со привремена и условна слобода од хуманитарни причини, повикувајќи се на проценките на лекарите дека наскоро ќе почине, јавуваат српски медиуми.

Адвокатот на одбраната Драган Иветиќ го темели барањето, кое судот го објави денес, на фактот дека медицинската служба во притвор на судот на ОН „им кажала на Младиќ и на неговото семејство дека не може да се излечи“ и дека „неговиот животен век сега се мери во месеци“.

Младиќ (83) беше осуден пред Хашкиот трибунал на доживотен затвор за геноцидот во Сребреница и злосторства против човештвото врз муслиманите и Хрватите во БиХ, вклучително и тероризирање на цивилите во Сараево, од 1992 до 1995 година.

Младиќ е во притвор во Хаг од крајот на мај 2011 година, кога беше уапсен во Србија и предаден на Трибуналот.

Како што наведува одбраната во барањето, лекарите се префрлиле од третман на „палијативна нега“ за Младиќ и го информирале пациентот и неговото семејство за ова.

Адвокатот на одбраната Иветиќ изјавил дека „ограничениот животен век на Младиќ е централен хуманитарен фактор на кој треба да му се даде одлучувачка тежина“ во одлуката на претседателката на судот Грациела Гати.

Поради неговата сериозна здравствена состојба, не постои ризик генералот Младиќ да избега, тврди одбраната, осврнувајќи се на случајот на поранешниот лидер на Србите во Хрватска, Горан Хаџиќ, кој беше ослободен на привремена слобода од судот во Хаг поради неизлечива болест и кој почина кратко потоа во Србија.

━ повеќе содржини

Мирослава Монтемајор е новата Дилета!

Натпреварите од Лигата на шампионите се следат и во далечното Мексико, а добар дел од жителите на оваа земја го гледаат најелитното европско клупско...

БУГАРСКАТА ВЛАДА ПОДНЕСЕ ОСТАВКА ПО МАСОВНИТЕ ПРОТЕСТИ

Бугарската влада вчера поднесе оставка по масовните протести низ земјата. Премиерот Росен Жељазков донесе ваква одлука во пресрет на шестото гласање за доверба на...

„Safe City“ ЌЕ СТАРТУВА ОД 1 ФЕВРУАРИ – Месец плус за усогласување на процедурите за казнување

Од МВР објасниле дека одлуката доаѓа поради потребата од дополнителна техничка проверка и усогласување со правните процедури за електронско казнување. Исто така, се разгледува...

Премиерата на новиот анимиран филм од серијалот „Светот на Биби“

Премиера на новиот анимиран филм од серијалот „Светот на Биби“ ќе се одржи денеска од 12 часот во киното Синеплекс.  Публиката ќе има можност да...

Штипјанецот Бојан Миовски влегува во посакуваната гол-форма! Во ЕЛ постигна ефектен гол со ножички (видео)

Бојан Миовски ја надмина кризата од стартот на сезоната, па македонскиот голгетер повторно блеска во дресот на Ренџерс. Неколку дека откако беше двоен стрелец на...
spot_img