14.6 C
Shtip
spot_img

Денеска се празнува Благовештение на Пресвета Богородица – меѓу народот попознато како Благовец

Кога Пресветата Дева наврши единаесет години пребивање и служење во ерусалимскиот храм и четиринаест од раѓањето – значи кога стапи во петнаесеттата година од животот – свештениците и соопштија дека според Законот повеќе не може да остане при храмот, туку треба да пристапи кон веридба и брак. Одговорот на Пресветата Дева беше големо изненадување за тамошните свештеници. Изјави дека таа себеси Му се посветила на Бога и не сака да стапува во брак со никого. По Божја Промисла и вдахновение тогаш првосвештеникот Захарија, татко на свети Јован Крстител, се договори со другите свештеници, собра дванаесет вдовци од Давидовото племе за да пронајдат еден на когошто би му ја довериле Дева Марија како на оној кој ќе ја чува нејзината девственост и ќе се грижи за неа. Му ја доверија на стариот Јосиф од Назарет, којшто ѝ беше роднина. Во домот Јосифов Пресветата Дева продолжи да живее исто како во Соломоновиот храм, минувајќи го времето во читање на Светото Писмо, во богомислие и ракоделие. Од дома не излегуваше речиси никогаш, ниту се интересираше за светските работи и настани. Малку зборуваше со кој било и никогаш без особена потреба. Најчесто општеше со ќерките на Јосиф. Но, на Пресветата Дева ѝ се јави во одајата великиот архангел Гавриил, а некои свештеници пишуваа дека во оној миг таа го имала пред себе отворено пророштвото на Исаија кој вели: „Ете, девојка ќе зачне и ќе роди син!“ Гавриил ѝ се јави во архангелска светлина и ѝ рече: „Радувај се, благодатна! Господ е со тебе!“. Со оваа архангелска благовест и со слегувањето на Светиот Дух врз Пречистата Дева, започна спасението на луѓето и обновата на созданието. А историјата на Новиот Завет ќе значи радост за човештвото и за сета твар.

━ повеќе содржини

Христос воскресна – Надежта што не згаснува ни по 2000 години

Дали Исус Христос навистина воскреснал? Вековното прашање што ја дели верата од скептицизмот добива нова димензија по најновите откритија на група археолози и историчари...

Како да ги поминеме велигденските празници со радост, мир и блискост

Велигден не е само празник – тоа е можност да се поврземе со себе, со блиските и со духовноста. Еве неколку топли идеи како...

Модуларната болница во Штип ќе прерасне во специјалистичка амбуланта

Модуларната болница во Штип, која по завршувањето на пандемијата остана нефункционална и беше честа мета на вандализам и кражби, наскоро ќе добие нова намена...

Во пресрет на најголемиот христијански празник – Велигден, на неколку локации низ Штип беа поставени велигденски јајца како симбол на Христовото Воскресение.

Црвената боја, традиционално присутна на велигденските јајца, симболизира победа – победата на животот над смртта. Според христијанската вера, токму преку воскресението, Исус Христос ја...

Продаден хотелот „Гарни“ во Штип за 15,5 милиони денари

Хотелот „Гарни“, еден од симболите на централното градско подрачје во Штип, доби нов сопственик. Во вториот обид за продажба, Општина Штип успеа да обезбеди...
spot_img