20 C
Shtip
spot_img

10 чудесни факти од животот на Вoлфганг Амадеус Моцарт

Моцарт – човекот што ја разбуди музиката. Гениј кој во само 35 години создаде стотици безвременски дела, но почина сиромашен, под мистериозни околности. Што сè не знаеме за најпознатиот композитор на сите времиња?

Музичко чудо: симфонија на 8, опера на 14 години

На три години веќе препознавал акорди и свирел на слух. На пет настапувал низ Европа со сестра му. Првата симфонија ја напишал на осум години, а првата целосна опера – на само четиринаесет. До зрелоста веќе имал напишано 33 симфонии.

Музичко чудо: симфонија на 8, опера на 14 години

Генијалната сестра – талент што никогаш не блесна

Нанерл, сестрата на Моцарт, била исто толку талентирана, но општеството не ѝ дозволило да компонира. Животот го посветила на поучување на девојчиња по пијано, додека нејзиниот брат го освојувал светот.

Генијалната сестра – талент што никогаш не блесна

Строг татко: Леополд Моцарт го создаде чудото од дете

Леополд Моцарт бил успешен композитор и педагог. По раѓањето на Вoлфганг, сѐ оставил на страна за да му се посвети целосно на неговото музичко образование. Неговата доминација влијаела врз синот дури и како возрасен човек.

Строг татко: Леополд Моцарт го создаде чудото од дете

Гениј што не ја поднесувал флејтата

Иако компонирал за флејта, Моцарт не ја сакал. Еднаш запишал:
„Единствено полошо од една флејта се две флејти.“
Сепак, и покрај антипатијата, создал прекрасни дела и за овој инструмент – но само по нарачка.

Гениј што не ја поднесувал флејтата

Рекорден опус: 600 дела за само 35 години живот

Во својот краток живот, Моцарт создаде 621 музички дело, од кои 600 се целосно завршени. Постојат 68 симфонии, 27 концерти за пијано, 36 виолински сонати, 26 пијано сонати, 23 квартети и уште многу други форми. Сето тоа со минимални грешки, речиси без поправки.

Рекорден опус: 600 дела за само 35 години живот

Туретов синдром: вулгарност и невротичност

Се смета дека Моцарт страдал од Туретов синдром – невролошко нарушување кое предизвикува неконтролирани движења и говор. Често користел вулгарни фрази, дури и во писма. Тоа сведочи за сложената природа на овој музички гениј.

Туретов синдром: вулгарност и невротичност

Масонството и бројката 3 – симболите во „Волшебната флејта“

Моцарт на 28 години станал масон, а бројот 3 добил посебно значење во неговите дела, особено во „Волшебната флејта“, каде се појавуваат три акорди, три феи, три деца, три инструменти и три храма – сѐ во чест на симболиката што ја следела низ животот.

Масонството и бројката 3 – симболите во „Волшебната флејта“

Мистериозна смрт: гроб без обележје и гласини за труење

По неговата смрт, се рашириле гласини дека Моцарт бил отруен од Антонио Салјери. Таа теорија инспирираше многу дела – од Пушкин до филмот „Амадеус“. Поради сиромаштија, Моцарт бил погребан во заедничка гробница за сиромаси, а местото на неговите остатоци остана непознато засекогаш.

Мистериозна смрт: гроб без обележје и гласини за труење

Реквиемот – последната композиција

Неколку месеци пред смртта, Моцарт добил таинствена нарачка за „Реквием“, без да знае дека ја создава последната композиција во својот живот. Композиторот бил убеден дека делото го пишува за сопствената смрт. „Реквиемот“, по неговата смрт, го довршиле неговите ученици и така стана негово најзагадочно музичко ремек дело.https://motika.mk/reklami/inarticle.html

Прерана смрт, вечно влијание

Моцарт починал на 35 години, од неразјаснета причина – можеби ревматска треска, грип, па дури и труење. По неговата смрт, сопругата Констанце се грижела за неговото наследство, а нивните синови ја продолжиле музичката традиција.
Легендата за Моцарт и понатаму го инспирира светот – и нема намера да згасне.

━ повеќе содржини

Во кои европски земји се најскапи, а во кои најефтини намирниците за живот?

Иако инфлацијата во Европската Унија(ЕУ) е 2,6 проценти, најновите податоци од Евростат покажуваат големи разлики во цените на основните прехранбени производи меѓу земјите-членки. Лебот, житарките...

Српската пејачка Марија Микиќ направи скандал на протестите во Белград!

„Одеднаш сите почнаа да викаат, да го удираат автомобилот, да го тресат. Една девојка легна пред мојот автомобил, друга снимаше како, наводно, се обидувам...

Спортски Штип се сеќава – пред точно 61 година се случи трагедијата со автобусот на ФК Брегалница

На денешен ден, 2 јули, пред точно 61 година, фудбалската експедиција на Брегалница Штип доживеа една од најголемите трагедии во својата историја – настан...

На 28 години почина порно актерката Кајли Пејџ

Кајли, која е позната во индустријата од 2016 година, беше активна на социјалните мрежи, особено на Instagram, каде што имаше речиси 400.000 следбеници. Таму...
spot_img