Доколку го чувате шеќерот во сад кој не е добро затворен, во него може да влезе влага и главно не е добро да го користите две години откако сте ја отвориле амбалажата.
Ако имате навика да купувате големи количини од храна која има долг рок на траење, мора да обрнете внимание начинот на којшто ја складирате.
Важно е да знаете дека и храната за која мислиме дека трае вечно сепак не е добро да се консумира по одреден период.
Неколку намирници кои спаѓаат овде и како правилно да ги складирате:
Кафе
Ако не е отворено, кафето може да трае и подолго од рокот што е наведен на амбалажата.
Но, штом ќе го отворите, во него влегува воздух, но можат да влезат и бактерии.
Ако го чувате во добро затворен сад, може да ви потрае околу три месеци, но по толку долг период ќе забележите промена во вкусот и мирисот.
Штом ќе забележите промена во мирисот, најдобро фрлете го.
Брашно
И во овој случај важи како го складирате брашното.
Во добро затворен сад, може да ви трае и до осум месеци.
Доколку го чувате во кесата во којашто сте го купиле, во неа лесно можат да влезат бактерии, но и инсекти, со што значително ќе му се скрати рокот на траење.
Зачини
Зачините е важно да ги чувате на суво место, во добро затворен сад и настрана од директна сончева светлина.
Вака складирани, најдобро е да ги искористите во рок од шест месеци до најмногу една година штом ќе ја отворите оригиналната амбалажа.
Шеќер
Главно, шеќерот си ги задржува вкусот и квалитетот и по неколку години.
Но, ако го чувате во сад кој не е добро затворен, во него може да влезат влага. Исто така, штом ќе го отворите, не е препорачливо да се користи по две години.
Замрзнато месо
Замрзнатото сирово месо може да трае и скоро цела година во замрзнувач.
Но, во овој случај, особено е важно како ќе го чувате.
Ако го чувате целото месо во една кеса, со секое вадење од замрзнувач за да извадите дел, ќе се промени температурата на целото месо и ова може да му го намали рокот на траење.
Најдобро е да го поделите во неколку разни кеси за да не мора да го вадите целото.
Осигурете се дека кесите се добро затворени и не пропуштаат, бидејќи ако во нив влезе мраз, и ова може да го намали рокот на траење.
Масла со билки
Ваквите масла обично се купуваат како подарок и нормално е да заборавите да го употребите, или да не сакате бидејќи изгледаат убаво.
Но, тие имаат рок на траење и ако поминале повеќе од три години, немојте воопшто да ги користите.
Доколку се отворени, употребете ги во рок од една година.
Сосови
Бидејќи имаат различен состав, сосовите имаат различен рок на траење.
Затоа, најдобро е да ја проверите амбалажата.
Генерално, ако не се отворени, сосовите имаат долг рок на траење.
Но, од друга страна, повеќето сосови, како песто или доматен сос за паста, мора да се употребат во рок од неколку дена штом ќе ја отворите амбалажата.
Јаткасти плодови
Ако купувате поголемо количество јаткасти плодови, за подолг период, секогаш е подобро да ги купите нелупени.
Лушпата е како природна заштита и ако ги чувате јатките на темно и суво место, можат да бидат добри за јадење и по една година.
Оние излупените, штом ќе ги отворите, треба да се консумираат во период од околу три месеци.