9 C
Shtip
spot_img

Светот сè повеќе троши на војна: СИПРИ објави рекордни трошоци за 2024

Трендовите за вооружување што се сега актуелни особено по Украина а од неодамна и со конфликтот на Блискиот Исток за кои се верува дека ги зголемуваат шансите за избивање на скапи војни со потенцијал за ескалација, достигнуваат историски цифри кога станува збор за трошењето на државите за вооружување.

Имено, според последниот објавен извештај на Стокхолмскиот меѓународен институт за истражување на мирот (СИПРИ), наведува дека глобалните воени трошоци на државите достигнале 2,72 трилиони долари во 2024 година, што е зголемување од 9,4 отсто во споредба со 2023 година и најголем скок од крајот на Студената војна.

Како што наведува институтот, порастот на геополитичките тензии довел до зголемување на трошоците за одбрана во сите региони. Најголем раст е забележан во Европа и на Блискиот Исток.

„Повеќе од 100 земји ги зголемија своите воени буџети во 2024 година“, соопшти СИПРИ.

Институтот предупредува дека фокусот на воената безбедност на сметка на други буџетски области може да има сериозни последици за општествата во иднина.

Војната во Украина и сомнежите за американската посветеност кон НАТО ги зголемија европските воени трошоци за 17 отсто, надминувајќи ги нивоата од крајот на Студената војна.

Русија потрошила 149 милијарди долари за одбрана, што е 38 отсто повеќе отколку во 2023 година и двојно повеќе отколку во 2015 година, што претставува 7,1 отсто од БДП и 19 отсто од вкупните државни трошоци.

Украина ги зголемила воените трошоци за 2,9 отсто, на 64,7 милијарди долари, што е 43 отсто од руските трошоци и 34 отсто од својот БДП – најголем удел во светот.

СИПРИ предупредува дека Украина моментално ги троши сите приходи собрани од даноците за потребите на војската, што значително го ограничува нејзиниот финансиски капацитет за понатамошно зголемување на воените трошоци.

Воените трошоци на САД се зголемиле за 5,7 отсто на 997 милијарди долари, што е 66 отсто од сите трошоци на земјите членки на НАТО и 37 отсто од глобалните воени трошоци.

Некои земји забележаа драматични скокови

Германија е една од земјите која го зголеми својот воен буџет за 28% на 88,5 милијарди долари, престигнувајќи ја Индија и стана најголемиот воен трошач во Централна и Западна Европа од обединувањето.

САД, најголемиот воен потрошувач во светот, го зголемија својот буџет за 5,7% на вкупно 997 милијарди долари, што претставува 37% од глобалните воени трошоци и 66% од вкупните трошоци на НАТО.

Во рамките на НАТО алијансата

Според СИПРИ 18 од 32 членки ја исполнија целта од 2% од БДП за воени трошоци, што претставува рекордно ниво од основањето на Алијансата. Во наредните години се очекуваат големи програми за набавка на оружје.

На Блискиот Исток

На Блискиот Исток предничи Израел со издвојувањето на средства за одбраната каде што според СИПРИ земјата ги зголеми воените трошоци за 65%, достигнувајќи 46,5 милијарди долари.

Од друга страна Иран, соочен со санкции, го намали својот воен буџет за 10%, на 7,9 милијарди долари.

Азија

Кина, која ги модернизира своите вооружени сили, киберкапацитетите и нуклеарниот арсенал, го зголеми воениот буџет за 7%, достигнувајќи 314 милијарди долари, а сега отпаѓа на половина од воените трошоци во Азија и Океанија.

Вложувањето во оружје, примарна инвестиција на повеќето држави

Експертите за контрола на оружјето стравуваат дека извештајот и најавите на Трамп може само дополнително да го зголемат стравот кај Русија и Кина, за тоа дека американската ракетна одбрана има цел за намалување на нивниот капацитет за одвраќање. Новите планови на Пентагон може да ги принудат овие држави да произведуваат нови проектили со капацитет за заобиколување на американската одбрана и да ја разгорат трката за вооружување.

Ова е динамиката на акција-реакција, која се случуваше во Студената војна и поради тоа завршивме со 60.000 нуклеарни боеви глави – оценува „Гардијан“.

━ повеќе содржини

Иванов: ВМРО-ДПМНЕ стабилна и подготвена за историска победа на локалните избори

Пратеникот Душко Иванов изјави дека ВМРО-ДПМНЕ веќе започнала со процесот на селекција на кандидати за градоначалници и советници за претстојните локални избори. Тој очекува...

Денес игра КК “Соколи”! Втор натпревар од 1/2 финалето

Денес со почеток во 19:00 часот во СЦ Јордан Мијалков во Штип се игра вториот меч од 1/2 финалето за влез во првата македонска...

Скандал пред почетокот на Евровизија: Хакери објавиле снимки кои не требало да излезат

Кратко по завршувањето на втората генерална проба од првото полуфинале на Евровизискиот натпревар за песна 2025, кое служи за оценување на жирито, на интернет...

Растение кое помага против мигрена! Древните народи се колнеле во него

Камилицата најчесто се користи за да лечи болки во абдоменот, воспаление на внатрешните органи, и како седатив. Може да се користи и за подготовка...

Во сендвичара “Седмица” лани „изедени“ 4,9 милиони евра!

Не примаат онлајн нарачки. Не вршат достава. За плаќање, картички – не, само кеш. Старомодни се, но тоа не им пречи на фановите на...
spot_img