Магазин Cigarette-smoke-damages-women-2

Објавено на 8 јануари, 2014 | од Трајанова Моника

0

Цитати…

- И да ми кажеш дека си најголемата будала што ме пушти да одам, и да ми кажеш дека се каеш, и дека жалиш што дозволи да се изгубиме еден со друг. И дека сум единственото добро во твојот живот, не би се вратила. Без разлика што ќе кажеш, јас всушност никогаш не би се вратила.

- Никогаш нема да ја пронајдеме вистинската личност, ако не ја заборавиме погрешната.

- Понекогаш треба да бидеш сам. Не осамен, туку да уживаш во моментите поминати сам со себе.

- На крајот, сите стануваат она кое се заколнале дека никогаш нема да бидат.

- Се смеам, солзи ми течат од смеење. Ако престанам да се смеам, ќе ми останат само солзите.

- Биди како снег, убава, но ладна!

- Ако некогаш добиеш порака од мојот број, не одговарај. Некој позив во глува доба, немој да се јавуваш. Не играј си со мојата слабост. Тоа е само момент. Ништо страшно.

- И секогаш останува онаа личност за која ќе копнееш цел живот и оној страв додека ги броиш победите и поразите. На некои приказни за љубовта, секогаш им недостасуваат последните страници…

- Простувам многу, но никогаш не ги заборавам кажаното и стореното!

- Таа не е патетик кој шири на сите усти дека си ја повредил, да се фрла од мост и да сече вени. Не, таа само молчи, се насмевне кога се сети на тебе, доста шета и лута и крие се што чувствува…но те сака…

- Некогаш толку се трудиш да и удоволиш на некоја личност, се менуваш поради неа, правиш секакви глупости за да докажеш дека ти е важна, не дозволуваш никому да ја повреди и на крајот сфатиш дека не е вредна за сето тоа…Во секунда сруши се што си правел за неа и неблагодарно си оди!

- Немој мили, што и да кажеш – ќе излажеш. А мораш да почнеш да се навикнуваш на тоа дека повеќе немаш некој кој секогаш ќе се прави дека ти верува!

- Од време на време знаеше да заспие со насолзени очи, а наутро истите тие солзи ги потиснуваше некаде длабоко во себе, црташе нова насмевка и му се смешкаше на новиот ден. Како тоа и поаѓаше од рака, само таа знае!

- Многу го сакаше, и премногу ако ме прашувате. Мислам дека ни самата не знаеше зошто и како, но го сакаше. Кокетираше со други, да се разбереме, и љубеше други, многу други…Но ја немаше таа искра во очите и таа насмевка на лицето како кога зборуваше со него.

- Знаеше дека дел од неа засекогаш ќе остане со него.Таму каде што се разделија оној ден, останаа неговата гордост, нејзината тврдоглавост, пропуштената шанса и едно ветување. Имаа сè, а избраа ништо.

- Веќе сè поминуваше, дури и нашите патеки кои секогаш беа вкрстени, сега се разделија. А кога се одалечуваш однекого најтешко е што незнаеш дали му недостигаш или веќе те заборавил. Јас знам. Ти можеби мене ќе ме заборавиш некогаш. Но, нашата приказна никогаш!

- Дали помислуваш на мене кога ќе погледнеш во ѕвездите? Ти можеби не, но тие сигурно се сеќаваат на нас. Тие се сведоци на нашата љубов штонекогаш толку силно гореше. Колку само го мразам зборот „некогаш“. Зошто не и сега? На некои прашања едноставно нема одговор…Така требало дабиде…

- Овој град понекогаш делува толку празно, секој човек на светот понекогаш се чувствува осамено. Па која е поентата во животот да имаш се, кога ја немаш личноста што ја сакаш. Понекогаш кога некој видиш оддалеку почнеш да мечтаеш, а кога му се приближиш…посакаш никогаш да не си говидел!

- Од тебе барам само едно нешто. Кога ќе ме видиш – прави се дека не ме гледаш, кога ќе те барам – прави се дека никој нема, кога ќе те гледам – прави се дека никој не те гледа – кога ќе слушнеш за мене – прави се дека не знаеш за кого зборуваат.

 Прочитано: 570 пати


За авторот

Трајанова Моника



Comments are closed.

Back to Top ↑