Штип News DSC_0149

Објавено на 12 август, 2013 | од Виктор Димитров

0

Интервју со најпопуларната девојка во моментов во Македонија и пошироко


Деновиве се крена голема прашина за една девојка која иако е јавна личност, сега нејзината слава рапидно расте како во Македонија така и пошироко. Имено дел од нејзината популарност некој негативно ја претставуваат сепак ексклузивно за vostip.mk ќе се отворат картите и ќе се прикаже правото светло за таа девојка.

Деспина Царева која беше на кафе муабет во студиото на vostip.mk отворено ни говореше за пријатните и непријатните моменти со кои се соочува деновиве.

Се  почна со изборот на Мис на Македонија кој го организира модното студио Црнокрак каде Деспина за прв пат учествуваше во тој избор или поточно еден од многуте избори каде конечната победничка ќе ја претставува Македонија на Мис Глоуб.

По објавувањето на vostip.mk за изборот на Деспина голем број веб страни како Македонски така и странски лошо ја протолкуваа веста па така направија Деспина Царева да биде во центарот на вниманието.

Горди сме што ја имавме честа  да поминеме пријатни мигови со една прекрасна личност како што е Деспина каде и vostip.mk и направи една кратка фото сесија чисто колку да и претставиме на нашите читатели но и на останатите колку тоа Деспина добро или лошо изгледа, во тоа ќе проценете самите подоцна додека сега да ви ја претставиме финалистката за избор на Мис Глоуб кое финале ќе се случи во Дојран на 17 август.

Деспина Царева

20 години, хороскопски знак Вага

Висина 179 цм тежина 64 кг.  пропорции идеални

Средно образование – СОУ Гимназија Славчо Стојменски одличен ученик

Високо образование – Правен Факултет при УГД (стипендист) III година

Хоби – Телевизиски водител веќе 7 години.

Инаку Деспина во своето резиме има и снимено еден виедо запис за раперот PI4, статистички улоги во филмовите Трето Полувреме и Лазар кој мо моментот се снима во Штип, исто така промотивно лице за 11 модни Штипски компании, додека изборот за мис и беше прв настап од ваков карактер, и ни одговори дека го прифатила само заради тоа што и било предизвик уште како мала да учествува на вакви настани.

На прашањето како се справува со негативните коментари околу изборот: (слатко се насмевна) Малку ми е криво поради целата оваа фама, но сепак едни се главни артисти а останатите критичари, така да не обрнувам многу внимание.

Амбиции и приоритети:  приоритети нормално факултетот на прво место, додека амбиции ништо конкретно, најубавите работи во животот доаѓаат спонтано и неочекувано.

Тоа беше во кратки црти запознавањето со нашата прекрасна Штипјанка, а сега седнете добро и удобно, имајте задолжителено телефон при рака особено машките, најверојатно ќе ви притреба против пожарна бригада, затоа бидете на готовс и сами оценете за што се работи.

DSC_0127

DSC_0085

DSC_0047

DSC_0033

DSC_0093

DSC_0104

DSC_0095

DSC_0141

DSC_0183

DSC_0049

DSC_0136

Доволно е барем за сега, се надевам уживавте во раскошот на Деспина, ако е така очекувајте уште еден бран вакви жешки фотографии.

 Прочитано: 10271 пати


За авторот

Виктор Димитров

Главен и одговорен уредник, менаџмент. Dj Satellite,



Back to Top ↑