Ќе ја добие ли Штип катната гаража во центарот на градот?

0

Штип сè уште ја чека изградбата на првата катна гаража, која според планот треба да се гради во центарот на градот на просторот до Трговскиот центар, наспроти хотелот „Гарни”.

– Проектот за изградбата на првата катната гаража во Штип го чека одобрението од ресорното министерство. Општина Штип, откако ќе го добие одобрението, ќе постапи според урбанистичкиот план, а сопствениците на просторот ќе можат да започнат со реализација на овој проект, вели Драган Ристов, портпарол на Општина Штип.

Во меѓувреме, просторот каде што треба да никне објектот стои неуреден и го нагрдува центарот на Штип, велат граѓаните, но се надеваат дека наскоро градот ќе ја добие првата катна гаража.

Инаку катната гаража треба да изникне на површина од околу 6500 метри квадратни и да биде објект од шест спрата.

iris

Сподели.


Коментарите се затворени.