Законот на привлечноста: Како зрачиш-така привлекуваш!

0

Се што доживуваме во животот, самите го привлекуваме. Сите тие работи се слики кои ги создаваме во нашите мисли. Тоа е она што го мислиме и начинот на кој го мислиме. Што и да се случува во нашите мисли, тоа и го привлекуваме во својот живот.

По ова кратко објаснување, повеќето луѓе би рекле дека тоа е невозможно, затоа што тогаш сите би биле среќни, богати и здрави. Да, така би било кога сите би размислувале позитивно. Но, тоа не се случува. Често сме склони да имаме црни мисли, грижи и да размислуваме за проблемите. Тоа е сосема разбирливо затоа што со тие работи најчесто се соочуваме во животот.

Законот на привлечноста кажува дека она за коешто размислуваме  е она коешто го привлекуваме во нашиот живот. Многу е тешко да се извлечеме од проблематичното секојдневие и да  размислуваме позитивно за иднината  и целите кон кои тежиме. Секому е тешко, но мора да пронајдете начин да се поттикнувате себеси и да се трудите секогаш да пронајдете позитивен поглед во секое случување.

Има една изрека која вели „парите се лепат на пари“, односно дека парите самите им доаѓаат на оние коишто веќе се богати. Се вели дека тие имаат среќа во животот, дека се родени под среќна ѕвезда, дека парите се лепат за нив. Се е тоа разбирливо ако се земе предвид законот за привлечност. Оние кои имаат позитивен став кон парите привлекуваат пари во својот живот. Оние кои размислуваат за проблеми со парите и постојано зборуваат како немаат пари привлекуваат проблеми.

Познати се многу примери за луѓе кои „чудотворно“ се излечиле од неизлечиви болести кај луѓето кои себеси си ветиле дека нема да се предадат и дека ќе успеат да ја победат болеста. Тие се замислувале себеси дека ќе бидат здрави луѓе и успеале да се излечат.

Сподели.


Коментарите се затворени.