Од септември почнува реконструкција на тврдината Исар во Штип

0

Околу 1.200.000 евра ќе чинат конзерваторско-реставраторските работи на штипската тврдина Исар. Дел од парите ќе бидат обезбедени преку Министерството за култура, а за остатокот се лобира финансиски да помогне бизнис секторот и локалната самоуправа.

Веќе е изработен и проект во 3Д анимација. Според планот, со работа најверојатно ќе се стартува во септември, а целосно треба да биде завршен за 6 до 7 години – рече Зоран Читкушев, директор на Музеј на град Штип.

Тврдината што денес се гледа од Исарот е градена во 14-ти век, а според наодите, за прв пат е подигната во вториот век од нашата ера. Од тој период потекнува и тунелот долг триесетина метри, кој води од врвот на тврдината, до западното подножје во ниво на река Брегалница.

iris

Сподели.


Коментарите се затворени.