Водоснабдувањето во штипските села – обврска на ЈП “Исар”

0

Cите села во Општина Штип, како и приградските населби ќе бидат дел од водоснабдителниот ситстен на ЈП “Исар”. Ова е зацртано во програмата на локалната власт и ЈП Исар, а до сега е сработено околу 60 насто од планот.

Штипскиот совет одлучи позитивно на барањето на жителите на село Криви Дол да обезбеди водоводни цевки и црево, како и ова село би се снабдувало со квалитетна и санитарно безбедна вода за пиење. До сега целосно завршени се водоводните системи во селата Лакавица, Лесковица, Шашаварлија и Балталија, а се реконструира водоводот во село Врсаково.Водоснабдителните системи во скоро сите села каде е извршена санација беа во многу лоша кондиција, а по превземањето од страна “Исар” полека се става ред во користењето и наплатата на водата, вели директорот Бојаџиев, а наскоро квалитетна вода ќе потече и во системите во приградските населби.

Во руралните средини каде Општина Штип изврши обнова и санирање на водоснабдителните системи, активно се вклучуваше и локалното население, што е од голема помош за ЈП “Исар”, изјави за Канал плус директорот  на ЈП Исар, Ангел Бојаџиев.

Сподели.


Коментарите се затворени.