Започна реконструкција на тротоарите во Штип

0

Наместо по дупки, пешаците во Штип ќе газат по бекатон плочки. Јавното претпријатие „Стипион“, започна со реконструкција на тротоарските површини, секаде онаму каде има потреба :

  • Се започна од населбата Сењак, а ќе се продолжи во останатите делови на градот, истакна Игно Иванов, дир. на ЈП „Стипион“ – Штип.

За граѓаните обновата на тротоарите е исклучително важна, но уште поважно е истите треба да ги користат единствено пешаците :

  • Убаво е ова, само да не се паркирата возила по тротоарите, велат анкетирани граѓани.

Освен на тротоарите, бекатон плочки се поставуваат и на други локации :

  • Во план ни е со бекатон да ги уредиме пристапните патеки до стадионот бело Брдо, кажа Иванов.

Планот на „Стипион“ е по уредување на тротоарски површини во градот, истото да се направи и во приградските населби.

star

Сподели.


Коментарите се затворени.