Паркот „Макфест” во Штип во завршна фаза

0

Во завршна фаза е изградбата на паркот „Макфест”, кој се наоѓа во непосредна близина на Центарот за култура „Ацо Шопов”-Штип, каде што годинава на 5, 6, 7 октомври ќе се одржи 32-то издание на Фестивалот на забавна музика „Макфест”.

17310809_10212319525924612_344018731_o Директорката на Центарот за развој на Источно планскиот регион, Драгица Здравева, денеска информираше дека градежната компанија „Актива” интензивно го гради паркот, а средствата од 6,5 милиони денари беа обезбедени преку Министерството за локална самоуправа, односно преку Бирото за рамномерен регионален развој.

– Интензивно се работи на проектот, очекуваме некаде до крајот на март, почетокот на април, целосно да биде завршен овој проект и ќе ни биде предаден во употреба. Во овој проект партнер ни е Општина Штип, а исто така и тие учествуваат со еден дел во кофинансирање на проектот. Средствата од Минстерството за локална самоуправа, односно од Бирото за регионален развој се веќе на сметката на Центарот. Првата времена ситуација е целосно исплатена очекуваме, кога компанијата „Актива” целосно ќе го заврши објектот, ние да се раздолжиме према истата, рече Здравева.

17357095_10212319525964613_758594002_o

тв ирис

Сподели.


Коментарите се затворени.